„Имплементацијата на Договорот од Преспа мора да продолжи, посебно со смена на имињата на јавните субјекти и училишните учебници. Единствениот пат да продолжиме напред е да продолжиме да градиме доверба меѓу нас и се разбира, ова е патот за да продолжи интеграцијата на … Македонија.“
Ова е пораката што на Преспа форумот денеска ја испрати до Заев екс грчкиот премиер Ципрас. Со други зборови, или ќе имаме учебници какви што сакаат Грците или нема интеграции, кои и онака ги нема зашто немаме учебници какви што сакаат Бугарите.
Ципрас, во другиот дел до говорот во Охрид бил послаткоречив, па истакнал дека сите недоразбирања, отворени прашања треба да се решават со визија кон иднината, со заеднички прифатливи решенија и на мирен начин, што значи базирани врз меѓународното право. Тоа ги истакна поранешниот претседател на Владата на Грција, Алексис Ципрас, пред учесниците на Преспа форум дијалогот „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“ што се одржува во Охрид.
Ципрас посочи дека неколку аспекти биле од пресудно значење за успехот во постигнувањето на Договорот од Преспа, оценувајќи го како огромен чекор напред оттамиу што не само што означи разврска на проблем меѓу две земји, туку како одлука што испорачала силна порака до сите на Балканот дека недоразбирањата мора да се надминуваат водејќи сметка за напредокот и иднината.