По втор пат оваа година, City Radio заедно со најдобрите диџеи ќе приреди забава под мотото „Се собравме за вас“.
Во сабота, 26 декември, ќе се оддржи празничното диџеј издание на „Се собравме за вас“ – Christmas Edition. Настанот ќе биде од затворен карактер, а сите љубители на добрата музика истиот ќе можат да го следат во живо на YouTube каналот на City Radio или директно на радио фреквенцијата на City Radio, 94,7 ФМ.
Начинот на живот кој го наметна пандемијата, направи луѓето сè помалку да се забавуваат. Токму тоа е и причината, City Radio да организира забава, со која на посебен начин ќе се испрати претстојната година со добра музика и празнична хармонија.
Поради новите мерки и препораки за заштита од корона вирусот, предновогодишните забави се ограничени и забранети. За таа цел, најдобрите диџеи, ќе бидат задолжени да ја направат најдобрата онлајн забава.
Диџеј Боби, диџеј Бранчес, диџеј Фици и диџеј Џон Антонио ќе приредат неверојатна онлајн журка за љубителите на музиката и забавата, во сабота од 20:00 до 23:00 часот.
Луѓето најголем дел од времето денес го поминуваат во своите домови, па затоа организаторите на настанот преку радио етерот, на посебен и уникатен начин ќе приредат забава и ќе се потрудат да внесат посебна еуфорија и празнична магија во секој дом.
Организаторите, заедно со диџеите ги повикуваат сите љубители на добрата музика, да го следат уникатното издание на „Се собравме за вас“ онлајн на Youtube каналот на City Radio и да уживаат во саботната забава исполнета со многу позитивна енергија.
Официјален партнер на настанот е А1 Македонија, спонзор на настанот е VeMilk, а е под покровителство на Градскиот Трговски Центар Скопје, 3Д Проект студио и агенцијата за маркетинг и односи со јавност, Идеа Лаб.
Време е домовите да ги претвориме и во ноќни клубови. City Radio со забава за целото семејство!