Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините со магла или значителна ниска облачност која попладне ќе се намалува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, наутро со услови за појава на магла и ниска облачност кои попладне ќе се намалуваат. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност најизразена во недела и понеделник, по котлините и понатаму ќе има појава на магла.