Секторот за внатрешни работи Скопје- Единица за недозволена трговија– Одделение за недозволена трговија со дрога до надлежното Основно јавно обвинителство– Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(41) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ. При претрес на пријавениот пронајдени се таблети екстази.
На 12.01.2019 година во 11,30 часот во СВР-Велес Б.Т.(60) од Велес пријавил дека на 11.01.2019 година околу 12,00 часот во домот на пријавителот дошло непознато лице на возраст од околу 40 години и му понудило да му продаде огревни дрва по цена од 2.500 денари од кубик. Пријавителот се согласил да купи три метри кубни и заедно со лицето се упатиле кон местото каде што наводно требало да ги види дрвата. Лицето со изговор дека треба да го земе возилото заминал од местото на настанот и се вратил во домот на пријавителот и на неговата сопругата и рекол дека нејзиниот сопруг ги зел дрвата и побарал пари. Таа му дала 7.860 денари по што лицето си заминало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МВР денеска соопшти дека синоќа во времето од 19,20 часот до 22,30 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово била извршена контрола во Тетово на улицата “107“ во локал за приредување на игри на среќа при што биле пронајдени и одземени седум покер апарати, за кои немало соодветна документација. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 12.01.2019 година во 18,00 часот во СВР-Охрид било пријавено дека во продавница на улицата „Дејан Војвода“ Љ.Т.(34) од Прилеп при вршење на работни задачи се здобила со тешки телесни повреди. На Љ.Т. и била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид.
На 12.01.2019 година во 13,00 часот било пријавено дека во атар на с.Негорци-гевгелиско на место викано „Смрекова чука“, К.К. (52) од с.Негорци, додека се враќал кон неговиот имот со козите се посомневал дека во близина има волци и испукал од ловечка пушка, што ја поседувал со дозвола. Потоа К.К., според негово кажување, се упатил кон местото и го нашол И.В. (29) од Штип со повреди во потколениците. Потоа К.К. со свое возило го однел И.В. во Општата болница во Гевгелија. Известен е јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.
На 12.01.2019 година во 11,20 часот во Полициската станица Карпош, А.Д.(35) од Софија-Р.Бугарија пријавил дека истиот ден околу 10,50 часот на булеварот „8-ми Септември“, пред влез на хотел бил физички нападнат од Д.Р.(58), П.Р.(56) и Р.Ј.(32), сите од Софија-Р.Бугарија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 12.01.2019 година во 16,00 часот во СВР-Скопје Б.Б.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03,40 часот на булеварот „Партизански одреди“ заедно со Ј.К.(23) и АН.(25) биле физички нападнати од Д.П. и А.Т. поради недоразбирање околу сообраќајот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 12.01.2019 година во 15,50 часот во СВР-Скопје Д.Д.Ч.(38) вработена во Јавна установа за згрижување на деца без родители, пријавила дека истиот ден околу 07,45 часот во соба од установата 14 годишен штитетник бил физички нападнат од страна на двајца штитеници на возраст од 17 години. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 13.01.2019 година во 03,30 часот во СВР-Битола С.С.(42) од Битола пријавил дека истиот ден околу 03,15 часот на улицата „Никола Тесла“ додека возел четири лица во своето такси возило, едно од нив физички го нападнало. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 13.01.2019 година во 00,25 часот во СВР-Битола Т.Ш.(40) од Битола пријавил дека истиот ден околу 00,00 часот во угостителски објект лоциран на улицата „Генерал Васко Карангелевски“ додека седел на маса со Н.В. започнале вербална расправија, по што Н.В. го удрил со чаша и му нанел повреда. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 13.01.2019 година во 01,50 часот во Полициската станица Прилеп Д.П.(18) од Велес пријавил дека на 12.01.2019 година околу 21,20 часот пред угостителски објект бил физички нападнат од неколку лица. На Д.П. му била укажана лекарска помош во Градската болница – Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.01.2019 година во 15,20 часот во СВР-Битола било пријавено дека на улицата „Кланица“ во сопствениот стан била пронајдена почината М.С.(80). По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција.
На 12.11.2019 година во 19,15 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Јужноморавски бригади“ во обложувалница две лица со закана со пиштол од вработените одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.01.2019 година во 10,55 часот во Полициската станица Гостивар Н.М.(57) од с.Чајле пријавила дека истиот ден околу 08,30 часот во с.Чајле Л.С.(46) бил нападнат и каснат од кучиња-скитници. На Л.С. му била укажана лекарска помош во гостиварската болница.