Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(28) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ. При претрес во домот на пријавениот пронајдени се марихуана и амфетамини.
На 11.01.2019 година во 16,55 часот во Полициската станица Центар Љ.С.(28) од Дебар пријавил дека истиот ден околу 15,30 часот на улицата „Тодор Александров“ од страна на две лица бил измамен и му земале 5.000 денари. Лицата го пресретнале оштетениот и му кажале дека на едниот од нив му требаат 5.000 денари, со цел да плател инфузија за сопругата, а како гаранција му оставиле нараквица што наводно вредела и му рекле дека ќе се вратат. Оштетениот им ги дал парите и ги чекал некое време, но истите не се вратиле, по што пријавителот сфатил дека бил измамен. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МВР денеска соопшти дека вчера во 12,00 часот во СВР-Штип, раководител на смена во КПД Затвор Штип пријавил дека при вршење претрес на ќелија кај Ц.М. (28) од Кочани во полуотвореното одделение била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.01.2019 година во 17,30 часот при извршен преглед кај У.В.(22) од струшкото село Поум, кој бил затекнат во угостителски објект во село Делогожда, пронајден е пиштол „Црвена застава“ и рамка со девет куршуми, кои нелегално ги поседувал. У.В. е приведен во Полициската станица во Струга за понатамошна постапка.
На 11.01.2018 година во 07,05 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Кузман Јосифовски-Питу“ додека А.К.(51) од Скопје се качувала од задната врата во автобус на ЈСП број 35, управуван од З.П.(55) од Скопје, вратата се затворила и А.К. се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.
На 11.01.2019 година во 18,25 часот во СВР-Скопје А.К.(41) од с.Сарај-скопско, пријавил дека околу 17,35 часот на булеварот „Илинден“ бил физички нападнат од Д.М. (33) од Скопје и уште едно лице поради претходно недоразбирање во сообраќајот. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во Полициската станица Прилеп П.П.(67) од Прилеп пријавил дека на 10.01.2019 година околу 23,55 часот во обложувалница на ул. “Кузман Јосифоски“ во Прилеп, бил физички нападнат од Д.М.(25) од Прилеп. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 11.01.2019 година во 23,40 часот било пријавено дека во Свети Николе во угостителски објект на улицата „Филип Втори“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Т.К.(40) и А.Р.(50) и двајцата од Свети Николе. Против нив се поднесени соодветни поднесоци.
На 11.01.2019 година во 06,20 часот било пријавено дека во Велес, во казино на улицата „Благој Ѓорев“, откако дошло до вербална расправија помеѓу Ѓ.Н.(35) и С.М.(44) и двајцата од Велес, Ѓ.Н. излегол од казиното и по кратко време се вратил и со метален предмет го удрил С.М., притоа упатувајќи закани и кон В.Н.(43), кој седел до С.М.. Ѓ.Н. е приведен во Полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.01.2019 година во 05,00 часот во Полициската станица Кавадарци од Јавната здравствена установа Кавадарци било пријавено дека кај нив било донесено лице со повреди здобиени од физичка пресметка пред угостителски објект. Од страна на полициски службеници преземени се соодветни мерки и утврдено е дека се работи за И.К.(37) од Кавадарци, кој повредите ги здобил во физичка пресметка со лицето З.П. од Кавадарци. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 11.01.2019 година во 02,30 часот во СВР- Битола А.С.(20) од с.Ивањевци пријавил дека на 10.01.2019 година околу 23,00 часот во Битола на улицата “Нико Фундали“ тој и неговиот брат физички биле нападнати од страна на непознато лице на возраст од околу 40 години поради недоразбирање околу давање на првенство во сообраќајот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.01.2019 година во 20 ч. било пријавено дека во маркет на улицата „Методија Митевски“ во Скопје три лица од кои едниот се заканил со пиштол, од вработените одзеле околу 23 илјади денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.01.2019 година во 04,00 часот во Полициската станица Кавадарци В.Ј.(44) од Кавадарци пријавил дека околу 02,25 часот во дискотека во Кавадарци бил физички нападнат од Н.Н.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.