На 13.12.2018 година во 17:15 часот во Прилеп, на улица „1-ви Мај“, А.Т.(34) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „Фиат“, со прилепски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.А.(66) од Прилеп. Б.А. се здобила со тешки телесни повреди, по што е пренесена во Општа болница Прилеп.
Извршен е увид на место на настанот и се работи на расчистување на случајот.
Во врска со исчезнатото лице Б.М.(22) објавено на сајтот на МВР во текот на вчерашниот ден (13.12.), ве информираме дека Б.М. е пронајдена.
Во врска со исчезнатото лице на возраст од 14 години објавено на сајтот на МВР во текот на вчерашниот ден (13.12.), ве информираме дека лицето е пронајдено.
На 13.12.2018 година во 12,40 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ при излез од Република Македонија, од слобода е лишен А.Ш.(30) од село Копачин Дол, тетовско, затоа што истиот евидира во систем со мерка „лиши од слобода“. Во 14,30 часот А.Ш. е предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
На 13.12.2018 година во 20,20 часот на улица „1” во село Сопиште, скопско настанал пожар во куќа, по што опожарени биле две соби, a во една од собите било пронајдено телото на П.С.(70) кој подолг период бил неподвижен. Починатиот живеел со неговиот син, кој во моментот на пожарот не бил дома. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Од страна на екипа на Противпожарна единица пожарот е изгаснат. Увид се врши во текот на денешниот ден.
На 13.12.2018 година во 17,40 часот во Полициската станица Аеродром Д.М.(36) од Скопје пријавил дека на 12.12.2018 година околу 18,30 часот на булевар „Видое Смилески – Бато“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата подколеница.