На 08.12.2018 година во 21 часот во Полициската станица Гази Баба Д.А.(44) од Скопје пријавил дека на 07.12.2018 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот син А.А.(24). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 07/08.12.2018 година во времето од 15 до 9 часот во с.Пожаране-гостиварско, во црквата „Свети Никола“, непознат сторител со тврд предмет насилно ја отворилвлезната врата и од олтарот и од масата одзел ситни пари во вредност од 800 денари, по што го напуштил местото на настанот. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

На 08.12.2018 година околу 16 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје А.Б.(33) пријавил дека истиот ден околу 15,30 во с.Трубарево соседот Б.С.(76) со ловечка пушка пукал во неговото куче. На местото на настанотизлегле полициски службеници, одземена е пушкатаЗастава М-70 и два патрона и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 09.12.2018 година во 00,30 часот било пријавено декаво Кратово на плоштадот ‘‘Павел Шатев‘‘ во кафе бар по претходна вербална расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата Б.П.(29) и Д.П.(18) двајцата од Кратово. Направени се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 08.12.2018 година во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Штип Г.Г.(47) од Штип пријавил дека истиот ден во 11,30 часот додека го напасувал своето стадо овци и кози во местото викано „Чингиица“ атар на с.Долани, непознати лица, најверојатно ловџии, со неколку истрели пукале во неговите овчарски кучиња кои биле со стадото. Едното куче било усмртено, а другото повредено.Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 08.12.2018 година во 02,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.С.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02,30 часот на улицата „Димитрија Чуповски“ во ноќен клуб додека бил заедно со неговиот пријател Д.А.(25) од Скопје биле физички нападнати од страна на четири непознати лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 08.12.2018 година во 16,10  часот во СВР-Куманово Е.С.(41) пријавила дека на 07.12.2018 година околу 22 часот на улицата „Денко Драганов“ во Куманово физички бил нападнат нејзиниот син од страна на три лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 09.12.2018 година околу 00,45 часот било пријавено дека во објект на кланица, лоциран на стариот пат на излезот од Велес кон Градско четири лица насилно го отвориле прозорецот и одзеле два метални сефа. Лицатабиле забележани од чуварот И.Т.(48) од Велес, но физички го нападнале и избегале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.12.2018 година во 16 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.Д.(24) од Прилеп, пријавил дека на 06.12.2018 година околу 16 часот на улицата „Васил Ѓоргов“  во угостителски објект бил физички нападнат од страна на С.Б.(44) од Скопје. Сочинетзаписник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

На 08.12.2018 година во 14 часот било пријавено декаво Прилеп, на улицата „Белградска“ во домот на И.Т.(77), дошле три лица и физички го нападнале, а потоа му одзеле 700 денари и облека. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.