Преку „Кацарска судството“, „Рускоска обвинителството“ и нарачани сведоци сакаат да му нанесат штата на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешниот протестен марш во Кочани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Ќе се појави „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ и тогаш ќе се појави некое нарачано сведочење кое што има две цели. Првата цел е како да му нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ, како ВМРО-ДПМНЕ да го претстави како црн ѓавол, да го демонизира, дека ВМРО-ДПМНЕ правело нешто што не правело. Тоа е со единствена цел браќа и сестри, сопатници. Сакаат да го уништат ВМРО-ДПМНЕ, им пречи ВМРО-ДПМНЕ, им пречи овој народ ширум Македонија, им пречи хрброста и честитоста на овој народ, затоа што знаат дека се додека постои ВМРО-ДПМНЕ и последниот од нас ќе постои Македонија, затоа што Македонецот на Македонецот е Македонец. И се додека постои ВМРО-ДПМНЕ, постои Дамакловиот меч надвиснат над нивните криминални глави, полни со монструозни издеи за криминал, мозок натоварен со грст народни пари, чудни мисли, неморал. За да бидат осудени еден ден, а тој ден јас ви ветувам дека ќе дојде многу брзо, многу брзо ќе го поразиме и СДСМ и Зоран Заев, но и тие квислинзи кои што застанаа рамо до рамо со нив, сите на купче ќе ги поразиме, рече Мицкоски пред насобраните кочанчани и додаде:

-Зарем не е црна маката на земјоделците, на оризопроизводителите од Кочани и кочанско, родот да им остане ненабран, непродаден? Зарем тоа се ветувањата од декември 2016-тата и есента 2017-тата? Ветуваа загарантиран откуп, пласман за вашите производи. Истата судбина ја имаат и оние кои произведуваат сливи и оние кои произведоа јаболка, оние кои произведоа пченица. И сите оние кои се бават со земјоделство. Од ветувањата за загарантираниот откуп од снимките на оној малечок министер кој од авион не се симнал и на кој основна задача му е да ги брка од работа луѓето кои ќе кажат некој збор против неговиот ментор Зоран Заев. Наместо да се симне во нивите, наместо да дојде меѓу вас земјоделците, да не излезе од калливите чизми и да најде начин како да му помогне на Македонецот, на човекот кој што се мачи да скрпи крај со крај на чесен и едноставен начин, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека е црна судбината и на младите луѓе и на пензионерите.

-Зарем не е црна судбината на оние луѓе кои што кога ќе ја завршат дипломската работа со тага во очите ми велат дека за еден месец ќе заминат, дека не можат работа да најдат и покрај тоа што ветуваа младинска гаранција. Ветуваа парите ќе ги вратат, не само што не ги вратија парите, туку нивните паричници станаа подебели и потешки, па не можат веќе сако да облечат, па мора некој со куфери да им ги разнесува. Нема шанса за младите. Зарем не е црн животот на пензионерите? Ветуваа поголеми пензии, ветуваа подобри услови. Не само што не ги зголемија, туку истите ги намалија, рече тој.

Мицкоски пред големиот број на граѓани истакна дека црнила има и во животите на професорите, каде се потценува и деградира нивната работа.

-Тие треба да образуваат луѓе, да бидат авангардата во нашата татковина. Тие земаат плата која што е под просекот, немотивирани се. Не можат од први до први да скрпат. Зарем не е црн животот на македонските доктори? Каде се оние 100.000 денари плата за македонските доктори? Шеташе заев по плоштадите и ветуваше брда и долини, ветуваше мед и млеко. Наспроти тоа добивме масовно иселување на докторите. Заминуваат трајно или времено надвор. Зарем не е црно здравството во кое ветуваа огромни инвестиции. Ветуваа ќе вложеле милиони, милијарди. А што направија? Еден сограѓанин мој, скопјанец, го загуби животот, почина затоа што не му следувале лекови да ја надмине тешката болест од која што боледувал. И денес ќе го слушнеме оној несреќен министер, наместо да каже дека поднесува неотповиклива оставка, тој вели дека обезбедил лекови, ама пустиот човек немал среќа да дојде, па починал. Срам да ви е, од прв до последен. Барем еден да се одважеше да понесе одговорност, порача Мицкоски.