Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 16 годишно лице од село Сенце, Маврово и Ростуша за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување или распрскувачки материи“.
На 7 декември 2018 година во село Сенце, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени пушка марка „Црвена застава“, расклопена пушка од руско производство, расклопена пушка од чешко производство и расклопена пушка непозната марка и фабрички број.
Во врска со пријавеното исчезнато лице А.Ј.(46) од село Брвеница, тетовско, објавено вчера на сајтот на МВР , ве известуваме дека А.Ј. вчера се вратила во домот.
Вчера Б.Н.(76) од Кичево пријавил дека околу 11,30 часот на улица „Партизански одреди“ во Кичево бил каснат од куче во пределот на левата нога.
Вчера во 21:40 часот П.С.(18) од Крива Паланка, пријавил дека истиот ден околу 21:30 часот пред клуб на улица „Никола Русински“ во Скопје бил физички нападнат од страна на М.М. од Крива Паланка.
По преземени мерки, поднесен е соодветен поднесок.
Утринава во 4 часот Е.Д.(33) од Скопје пријавила дека околу 3:20 часот пред угостителски објект во село Стајковци, скопско била физички нападната од страна на лицето Д.Н.(36) од Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.А.(39) од село Врапчиште, гостиварско за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 7 декември 2018 година околу 22 часот, пријавениот, преку телефон, упатувал закани по животот кон 52 годишно лице од село Добридол, судија во Апелационен суд Гостивар, поради претходно донесена судска пресуда од страна на истиот.
На 24 декември 2018 година во 14:55 часот З.Т.(28) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14:30 часот во казино на булевар „Јане Сандански“ во Скопје бил физички нападнат од страна на М.Д.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 14:15 часот Д.К.(35) од Скопје пријавил дека на улица „36“ во село Белимбегово, скопско, во круг на шпедиција бил физички нападнат од неколку лица кои дошле со возило.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Вчера во 11:50 часот А.Н.(24) од Скопје пријавила дека на улица „Новопроектирана“ во Скопје била физички нападната од страна на А.У.(31) од Скопје.
Преземени се соодветни мерки и поднесен е соодветен поднесок.
Вчера околу 9:50 часот од Градска општа болница „Свети Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив, било донесено 17- годишно лице од Скопје, со убодна рана во пределот на левото рамо.
Повредата му била нанесена од 15- годишно лице од Скопје во средното училиште „Арсени Јовков“, каде двајцата се ученици. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Ч.(40) од Гостивар за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 9 декември 2018 година пријавениот, поради настан од 2012 година во кој над истиот биле преземени службени дејствија од страна на полициски службеник од Полициска станица Гостивар, преку телефонски пораки и на социјалната мрежа Фејсбук, упатил закани по животот на полицискиот службеник и животот на членовите на неговото семејство, а потоа на 13 декември 2018 година на социјалната мрежа, пријавениот објавил слика од оштетениот, во прилог на која навел коментар со заканувачка содржина кон истиот.
Вчера во 14 часот во Полициската станица Чаир М.Џ.(38) од Скопје пријавила дека од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 14 годишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Вчера во 15:20 часот М.Џ.(29) од село Долно Свиларе, скопско пријавил дека на 17 декември 2018 година во 18 часот на улица „1″ во село Рашче, скопско управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки удрил во дрвен столб.
По кажување на пријавителот, сопатничката во возилото М.М(32) од село Долно Свиларе, скопско се здобила со тешки телесни повреди констатирани Градска општа болницa „Св.Наум Охридски”. Се работи на расчистување на случајот.
На 25.12.2018 година во 17,00 часот на локалниот пат село Петровец, Катланово, на самиот влез во село Катланово Г.М.(72) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Од здобиените повреди на местото на настанот Г.М. починал. Извршен е увид на местото на настанот.
На 25.12.2018 година околу 11,00 часот на магистралниот пат Штип – Велес, пред крстосницата Мамутчево – Велес, З.А.(53) од Пробиштип управувајќи патничко моторно возило „Лада нива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, изгубил контрола над возилото и тоа се превртело.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Општа болница Велес. Извршен е увид на местото на настанот. Со возило на брза помош бил пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.
На 25.12.2018 година околу 12,00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, го лишиле од слобода Н.Е.(46) од Тетово кај кого пронајден е хероин.
Н.Е. задржан е во Полициската станица Тетово.
На 25.12.2018 година во 21,40 часот во Полициска станица Карпош е приведен Ш.И.(44) од село Зајас, кичевско, поради основано сомнение дека на патничкото моторно возило “Ауди” кое го управувал има регистарски ознаки од друго возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на изминатиот ден (25.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со загинато лице, две со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и пет со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди и едно лица се здобило со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 17 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи од кои: двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол и девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи пет биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца поради неносење пропишана зимска опрема, 19 возачи поради неносење сигурносен појас и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило.
Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 96 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило “пајак”