Во Полициската станица Центар вчера во 12:15 часот Л.С.(47) од Куманово, пријавила дека истиот ден околу 08,30 часот на улицата „Димитрије Чупоски“ била касната од куче скитник во пределот на левата подколеница.
Во Полициската станица Аеродром вчера во 15:45 часот О.М.(49) од Скопје пријавил дека на 04.04.2019 година околу 15,30 часот на булеварот “АСНОМ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
Во Полициската станица Аеродром вчера во 17:55 часот Д.А.(65) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16,40 часот на булеварот „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.
Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.К.(23) од Велес поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
На 03.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Одделот за крим полиција извршиле претрес во стан каде привремено престојува пријавениот на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје. При претресот биле пронајдени и одземени вкупно 24 пакувања со 167 грама марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана, кокаин и амфетамин. А.К. бил лишен од слобода.
Пронајдена е марихуана и ризли при претрес на автомобил синоќа во 20:45 часот на локалниот пат во село Жеровјане кој води кон село Радиовце. При вршење на контрола на патниот сообраќај од страна на полициски службеници од Полициското одделение Камењане било запрено патничко моторно возило „Фолсфаген венто“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Х.К.(27), а како совозач било лицето Н.Е.(27), а во возилото бил и Р.И.(18) сите од с.Г.Седларце. При извршениот преглед над лицата, возилото и багажот пронајдена е марихуана и ризли. Лицата се приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.
Полициски службеници вчера ја пронашле и ја предале на семејството Ш.М. (24) од Скопје за која на 1. месецов нејзиниот татко во Полициската станица Бит Пазар пријавил дека се оддалечила од домот.
Во СВР-Скопје вчера во 15:30 часот било пријавено дека на улицата „11 Октомври“, спроти Зелен пазар, Ѓ.Ј.(80) од Скопје паднала додека се симнувала од автобус на ЈСП, управуван од Ж.К.(58) од Скопје. Според пријавата на Ѓ.Ј., автобусот тргнал додека таа се симнувала. На Ѓ.Ј. и била укажана помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, каде и биле констатирани повреди и по укажаната помош била пуштена на домашно лекување. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.