Во Полициската станица за Граничен премин Табановце на излез од Р.Македонија, вчера пет минути по полноќ, при извршена пасошка контрола констатирано било дека лицето Д.М.(34) од Кочани се барало по телеграма од МВР-Одделение за потраги.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка .

Вчера во 12:50 часот во Полициската станица Центар В.С.(71)  од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 10:30 часот  на  улицата „Македонија“ додека  се возел на велосипед бил каснат од страна на куче-скитник во пределот на десната подколеница.

Вчера во 12:50 часот било пријавено дека на локалниот пат село Калишта кон село Франгово-струшко се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ВМЦ“ со охридски регистерски таблици, управувано Ц.С.(33) од село Драслајца-струшко, и патничко моторно возило „Фиат Панда“ со скопски регистерски таблици, управувано од Л.Н.(32) од Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц.С. и сопатничката од патничкото моторно возило Д.Н., кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата „Свети Еразмо-Охрид“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

 Утринава во 3:25 часот било пријавено дека на регионалниот пат во близина на село Мороишта патничко моторно возило „Фолсваген голф“ со струшки регистерски таблици управувано од Х.В.(30) од село Ливада-струшко излетало од коловозот и удрило во бандера.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешка телесна повреда се здобил сопатникот во возилото Х.Ш.(26) од село Ливада-струшко, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата „Свети Еразмо-Охрид“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.