На улицата „Никола Тесла“ во Тетово вчера околу 13:00 часот тетовчанката Ф.В.(31) управувајќи патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со тетовски регистарски ознаки удрил во пешакот А.А. од Тетово. А.А. се здобила со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 11:10 часот во Скопје на крстосницата на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ и  улица „Борис Кидрич“, Г.Р.(52) од Скопје управувајќи автобус со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот  Л.К.(64)  од Скопје. Во  незгодата Л.К. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.

Ноќеска во 01:50 часот во Гостивар на улица „Душко Поповиќ“ од слобода се лишени Б.С.(22) и Л.С.(24) од Линц, Австрија, кај кои при преглед е пронајден кокаин.  По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 23:20 часот полициски службеници од СВР Тетово на булевар „Илинденска” со улица „ЈНА”  во Тетово сопреле  патничко моторно возило „Голф” со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.С.(43) од село Добарце, при што при извршена контрола во возилото се пронајдени околу 9.500 патарди. Лицето е лишено од слобода, по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 11:00 часот во Полициска станица Карпош, С.Г.(48) од Скопје пријавил дека на 27.12.2018 година околу 18:30 часот во парк во населба Влае, неговиот 16-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната надколеница.

Вчера околу 13:10 часот во Скопје на улица „Димче Мирчев“ се запалил оџак од куќа сопственост на М.М.(63), при што е изгорена едната страна од покривот на куќата и една просторија, во која е опожарен дел од покуќнината. Пожарот е изгаснат во 14:00 часот од Противпожарна екипа.

Утрово околу 04:30 часот во Тетово на улица „Железничка“ избил пожар во подрумските простории во куќа сопственост на М.К. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипаТетово. Увид ќе се врши во текот на денот.

Вчера околу 20:00 часот во Скопје на улица „Македонска Косовска Бригада“  С.С.(36) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Ланчиа“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешаците В.С.(27) и едногодишно дете од Скопје и шестгодишно дете од Косово. На повредените медицинска помош им е укажана во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 14:30 часот од страна на полициски службеници од СВР Штип пронајдена е 13-годишната малолетничка која  на 30.12.2018 година во 03:00 часот беше пријавена за исчезната од нејзиниот татко.

Вчера околу 14:00 часот на улица „Бутелски венец” во Скопје нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу И.Р.(28) и И.Р.(57) двајцата од Скопје, кои се во роднинска врска. По преземени мерки поднесен е соодветен поднесок.

Вчера во 20:00 часот, 15-годишно момче од Струга пријавило дека на улица „Маркс и Енгелс” во Струга, бил нападнато од кучиња скитници, при што се здобило со повреди.

Вчера во 16:15 часот во Полициска станица Струга пријавен е пожар на камп приколка поставена на улица „Маршал Тито” во Струга сопственост на Н.Ј.(55)од село Радолишта, струшко. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа  Струга. Извршен е увид на местото на настанот.

Вчера во 18:00 часот Д.Ј.(32) од Скопје пријавила дека околу 15:20 часот пред угостителски објект на улица „Њу Делхиска” додека била со Т.Т.(35) биле физички нападнати од И.В.(40) од Скопје. Спред пријавеното, причината за физичкиот напад е тоа што пред еден месец Д.Ј. ја прекинала љубовната врска со сторителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 09:30 часот е пријавена кражба во средно училиште ,,Кирил Пејчиновиќ“ на улица “Ѓорче Петров” во Тетово. Во временски период од 28.12.2018 до 31.12.2018 година од страна на непознат сторител со физичка сила отворен е прозорец од училиштето при што одземени се пет мауси, две тастатури, разновиден алат, пехари, искинати биле некоку дневници, а извршено е оштетување во наставничката канцеларија и неколку училници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 09:20 часот битолчанецот С.К.(50) пријавил дека на 28.12.2018 година на улица  „Илија Николовски Луј” во Битола бил физички нападнат од страна на три лица. На С.К. му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 17:05 часот М.Т.(39) од Скопје пријавил дека во 15:30 часот на улица „Македонија”, од страна на непознато женско малолетно лице нанесена му е телесна повреда со употреба на пиротехничко средство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска околу 03:40 часот во локал лоциран на плоштадот „Павел Шатев” во Кратово од страна на лицето Д.Т.(34) од Кратово физички е нападнат Н.П.(28) од село Трновац, кратовско. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Утрово во 05:15 часот К.Т.(18) од Куманово пријавил дека околу 04:45 часот, тој и неговиот пријател биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска во 00:55 часот е пријавено дека во кафе бар лоциран во старата битолска чаршија нарушен е јавниот ред и мир со тепачка од неколку лица. О.Ш.(18) побарал лекарска помош во Клиничка болница Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа  во 23:30 часот такси возач Д.К.(42) од Битола пријавил дека околу 21:45 часот отишол на улица „Козара” во Битола да земе патници, но бидејќи биле поголема група на лица одбил да ги превезува и истите физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска во 03:00 часот во Полициска станица Велес, велешанецот Г.А.(43) пријавил дека пред дискотека во Велес од страна на Х.П. од Велес бил  физички нападнат неговиот 17-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утрово околу 05:00 часот во Тетово на улица „Борис Кидрич“ избил пожар во угостителски објект сопственост на Б.М.(37). Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа Тетово. Увид ќе се врши во текот на денот.

Во Полициска станица Тетово , Л.Х.(71) од село Теново  вчера во 9:20 часот пријавила дека од дома се одалечила нејзината внука Г.Х.(18). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.