Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против лицата З.К. полициски службеник во Полициско одделение- Ропотово и Џ.К. полициски службеник во ПС ОН Бит Пазар, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “ по член 353 став 1 од КЗ на РМ.
Првопријавениот З.К. на 24 август 2012 година со искористување на својата положба, односно со неизвршување на својата службена должност по пријавување на настан физички напад од страна на лице од Прилеп, постапил спротивно на член 58 став 3 од Правилникот за вршење на полициските работи (Сл. Весник на РМ бр. 149/2007), односно пријавениот настан физички напад не го документирал на записник за примање пријава со што случајот не бил процесуиран за преземање на понатамошни мерки.
На 18 август 2012 година, околу 16 часот, додека оштетениот работел во кафе бар лоциран во трговски центар во Скопје, бил физички нападнат од страна на синот на сопственикот на кафе барот. Наредниот ден, се јавил на лекар и случајот го пријавил во ПС ОН Прилеп, кај полицискиот службеник З.К., при што му било кажано дека ќе бидат преземени соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Второпријавениот, К.Џ., во својство на службено лице со искористување на својата службена положба, односно неизвршување на својата службена должност, не постапил по барање од ОЈО Скопје, со цел да го прикрие физичкиот напад.
Со непреземање на службените мерки и дејствија полициските службеници му оневозможиле на оштетениот да ги оствари своите понатамошни права.
*
Утринава во 5:45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистерски таблици, управувано од В.А.(32) од Скопје, и патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистерски таблици, управувано од Б.К.(65) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.К. и сопатникот од истото возило А.Ѓ.(61) од Р.Турција, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил В.А., како и С.Ѓ.(54) од Р.Турција, сопатничка во патничкото моторно возило “Голф“. В.А. бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, додека С.Ѓ. била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
*
Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека 14-годишен малолетник околу 11 часот во основно училиште во село Долна Арнакија бил физички нападнат од З.Р., вработен во училиштето. Се преземаат мерки за целосно расчитување на случајот.
*
Вчера во 20:40 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во населба Грамаѓе, патничко возило „Фолксваген транспортер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Г.А.(39) од Крива Паланка излетало од патот. Притоа, со повреди се здобил возачот Г.А., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен Дом – Крива Паланка. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка.
*
Вчера околу 20 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, го лишиле од слобода М.Б.(30) од Албанија поради сомнение за сторени кривични дела кражби.
*
СВР Велес поднесе кривична пријава против A.S.(35) од Варшава, Република Полска, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.
Пријавениот, преку информатички систем, пресретнал деловна комуникација преку електронска пошта помеѓу компанија од Велес и компанија од Чешка. Притоа, на компанијата од Велес и презентирал лажни податоци за банкарската сметка на компанијата од Чешка, по што тие извршиле пренос на парични средства на банкарската сметка на пријавениот.
*
Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје, Р.Н.(55) пријавил дека истиот ден околу 13 часот во село Сарај, физички бил нападнат неговиот 15-годишен син од страна на Р.С.(44). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(59) од село Вешала, тетовско и А.М.(39) од село Србиново, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца и дозвола од надлежен орган” по Законот за игри на среќа и забавни игри. На 7 октомври 2018 година на улица „Мурат Бафтијари“ во Тетово полициски службеници извршиле контрола на објект без фирма, биле затекнати пријавените како приредуваат забавни игри и игри на среќа, без да поседуваат соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган.
*
Утринава околу 1:20 часот на улица „Златко Шнајдер“ во Скопје, приведен е С.З.(47) од село Љубин, скопско, поради нарушување на јавниот ред и мир. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
*
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.П.(20) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,пустошење на шума”. На 12 јули 2018 година околу 1 часот во Охрид на местото викано „Распаќе”, полициски службеници се обиделе да запрат товарно возило, управувано од пријавениот, но тој не застанал. Набргу потоа, М.Л. го оставил возилото и избегал. При преглед на возилото, биле пронајдени и одземени 7,7 кубни метри дабови дрва, без соодветна документација.
*
Вчера во 18.40 часот е пријавено дека С.С. (65) од село Кучевиште била физички нападната од две лица во куќата, но до сега не е пријавено дека е нешто одземено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.