Вчера во 14,15 часот во Тетово на улица „Маршал Тито“ од слобода бил лишен  Д.А.(30) од н. Дреновец, бидејќи при прегледот во неговото возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици биле пронајдени и одземени 10.223 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На  крстосницата од  регионалиниот пат Струга – Дебар со локалниот пат за село Враништа, вчера во 11:30 часот се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно моторно возило „Мерцедес“, управувано од Р.Ќ.(45) од село Враништа, патничко моторно возило „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(57) од село Велешта, патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Ш.K.(45) од село Велешта, а настрадал пешакот Н.Б.(65) од село Враништа, кој е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му се констатирани тешки телесни повреди.  Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

На магистралниот пат Крива Паланка – Куманово на место викано „Света Петка“, вчера М.Ш.(45) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Ц.С.(68) од Куманово. Ц.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Куманово, од каде е пренесен  во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Вчера во 20,30 часот било пријавено дека на улица “Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Форд фиеста“ со скопски регистерски ознаки, управувано од С.Л.(81) од Скопје и патничко моторно возило “Рено модус“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Т.Ј.(37) од Скопје. Во незгодата С.Л. се здобил со телесни повреди, а сопатничката од истото возило О.Л.(79) се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

На Граничен премин  Аеродром „Скопје“ вчера во 06:20 часот на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на Е.М.(22) од Р.Aлбанија, било утврдено дека користи туѓа албанска патна исправа. Лицето е приведено за понатамошна постапка.

Вчера во 05.30 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“ на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на К.Н.(22) од Р.Србија, утврдено било дека српската патна исправа во делот на биометриската страница е целосно фалсификувана. Подоцна лицето приложило и српска лична карта и  српска возачка дозвола, кои исто така се  фалсификувани. По извршената детална контрола,  во неговиот паричник била пронајдена косовска лична карта на негово име. Лицето е приведено за понатамошна постапка.