Вчера на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје автомобил „шкода октавија“, управуван од Б.М.(60) од Скопје удрило во пешакот Е.П.(48) од Велес.  Е.П. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и била укажана лекарска помош.

Вчера околу 17.00 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило непозната марка со велешки регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрил во пешакот Б.К. (40) од Велес, која ја преминувал улицата. По незгодата возачот го напуштил местото, а Б.К. била пренесена во Општа Болница – Велес каде и била укажана лекарска помош.

Вчера во 16.40 часот на крстосницата од улица „Кемал Сејфула“ и улица „Крсте Асенов“ во Скопје автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(55) од Скопје удрило во 11-годишно девојче, кое било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.Л.(34) од Скопје пријавил дека од 8 септември 2018 година од 13.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот дедо В.М.(55) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.