На 09.03.2019 година во 09,00 часот во Полициската станица Кавадарци, 29-годишна жена од Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 05 часот кога се враќала во својот дом ја пресретнал нејзиниот поранешен сопруг (32 години) од Кавадарци кој извршил обљуба врз неа.
Сторителот е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител од ОЈО-Велес. Се работи на целосно расчистување на случајот.
На автопатот Гевгелија – Неготино кај клучка за Демир Капија, околу 20 часот патничко моторно возило „мицубиши“ со германски национални ознаки, управувано од Џ.Н. (24) од скопското село Арачиново, излетало од коловозот. Во возилото се превезувале 15 мигранти од Иран, Пакистан, Авганистан. Во незгодата нема повредени лица. Џ.Н. и мигрантите биле приведени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.03.2019 година во 19,25 часот било пријавено дека во с.Гајранци-Пробиштип, при расправија околу напасување на добиток, Б.А. (65) од с.Таринци-штипско, со остар предмет му нанел убодна рана на Б.П.(56) од с.Караорман-штипско.
Б.П. бил пренесен во Општата болница во Штип, а . Б.А. бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.03.2019 година во 09,55 часот, воз кој сообраќал од железничката станица Ѓорче Петров во правец на железничка станица Скопје Север, на влезниот сигнал на железничката станица Скопје Север, бил каменуван од неколку малолетни лица на возраст од 12 до 15 години. Било скршено предното стакло од кабината на машиновозачот, а со телесна повреда се здобил машиновозачот З.Р. (50) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 09.03.2019 година во 14,20 часот, од страна на С.С. (67) од Охрид, пријавен е пожар на нива со пластеници, лоцирани во близина на селото Орман-охридско. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Охрид
На 10.03.2019 година во 01.55 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу лицата: Д.Т.(32) од Кавадарци и З.З.(25) од с.Ваташа од една страна и А.С.(22) од с.Сопот и С.С.(38) од Кавадарци од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.03.2019 година во 00,15 часот во СВР-Тетово Ј.Т.(45) од с.Добарце О. Желино пријавила дека на 09.03.2019 година околу 23.55 часот пред угостителски објект лоциран на улицата „Илинденска“ била физички нападната од Ј.С. од с.Г.Речица. Се работи на целосно расчистување на случајот.
На 09.03.2019 година околу 12 часот, во објект лоциран во атарот на кичевската населба Стрелци, настанал пожар, во кој изгореле 3.000 бали сено и кровната конструкција на објектот. Пожарот е локализиран од екипа на ТППЕ Кичево.
На 09.03.2019 година во 21,20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Мајка Тереза“ во маркет непознат сторител со закана од вработените го одзел дневиот промет. Се работи на расчистување на случајот.
На 09.03.2019 година, околу 10 часот, во кругот на Општата болница во Струга нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.А. (29) од Струга врз Е.Б.(39) и неговата сопруга А.Б.(32), од Струга. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна пријава.
На 09.03.2019 година во 14 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека настанал пожар во атар на с.Блатец-виничко на место викано „Горна осојница“, каде горела земјоделска површина со дрвја, по претходно палење на стрниште.
Пожарот бил изгаснат од екипа на од Територијалната противпожарна единица-Виница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Виница.
На 09.03.2019 година во 20,15 часот во СВР Скопје Б.М.(22) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20,00 часот на улицата “1615“ бил физички нападнат од С.Ј. и Д.А. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 09.03.2019 година околу 23,50 часот во СВР-Скопје Н.Б.(54) од Скопје пријавил дека во неговиот дом во Чаир во собата каде што била неговата ќерка пробило залутано зрно и и нанело површински повреди (изгореница). Се работи на целосно расчистување на случајот.
На 10.03.2019 година во 04,20 часот во Полициската станица Прилеп М.Н.(24) од Прилеп пријавил дека околу 02,30 часот пред кафе бар лоциран на улицата ,,Кеј 1-ви Мај“ физички бил нападнат од страна на едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.03.2019 година во 02,30 часот во СВР-Струмица Д.П.(22) од Струмица пријавил дека истиот ден околу 01,30 часот во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.