Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ѓ.Ј. (59) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела “разбојништва“.
Во периодот од 25.02.2018 до 03.12.2018 година на подрачјето на Гостивар, во три спортски обложувалници, пријавениот, со закана со пиштол, извршил разбојништво над вработените, при што одзел околу 730.030 денари.
Денеска околу 06,45 часот на регионалниот пат Битола – Прилеп, помеѓу село Тополчани и село Алинци К.Ј.(23) од село Секирци, управувајќи патничко моторно возило „Сеад Ибица“ со прилепски регистарски ознаки излетал од патот и починал на местото на настанот.
Извршен е увид. Се работи на расчистување на случајот.
На 28.12.2018 година, извршен е претрес во домот на И.Ш.(44) на улица „Гоце Делчев“ а потоа и во неговата продавница за обувки лоцирана на Градскиот пазар во Охрид.
Притоа, пронајдени и одземени се вкупно 13.000 различни нелегални пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против И.Ш. ќе поднесе соодветна пријава.
Вчера од страна на полициски службеници од полициска станица Битола, од лицето С.Е.(29) од Битола одземени се 900 пиротехнички средства.
Лицето е лишено од слобода, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 12.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Куманово, од лицето С.М.(35) со потврда за привремено одземени предмети се одземени околу 300 различни пиротехнички средства.
С.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против З.Т.(51), К.Н.(34) и А.Д.(54), сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од 22.04.2015 до 24.04.2018 година второпријавениот, сопственик и управител на правно лице од Свети Николе, за одржување на уличното осветлување на подрачјето на општина Свети Николе, изготвувал лажни фактури, во кои прикажувал поголема количина на употребен материјал.
При тоа, третопријавенот, вработен во општина Свети Николе и одговорен за контрола над наведените услуги, ги проследувал ваквите фактури, без да изврши проверка и споредба на материјалот наведен во фактурите и материјалот наведен во пријавите за дефекти, по што првопријавениот, како градоначалник на општина Свети Никола, без да изврши увид во приложената документација, ги одобрувал ваквите фактури.
Со ова, прво и третопријавениот му овозможиле на второпријавениоте да се стекне со противправна имотна корист од 1.316.530 денари, на штета на буџетот на општина Свети Николе.
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Е.М.(38) од село Будаково, Општина Могила поради постоење основано сомнение дека пријавениот извршил кривично дело ”неовластено прозводство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори” казниво по член 215 и “неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” казниво по член 396 став 1 од Кривичниот закон на Р.Македонија.
На 28.12.2018 година при претрес на домот на пријавениот пронајдена била една патничка торба со шест паковки ,завиткани во најлонска и селотејп трака со вкупна тежина од околу 5,5 кг. марихуана и пиштол за кој пријавениот не поседувал дозвола. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против С.И.(39) и Д.Ш.(59), двајцата од Битола и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од 01.01.2015 до 31.03.2018 година, првопријавениот, како директор на ЈП “Жабени” и вторпријавениот, како раководител на инфраструктура во ЈП “Жабени”, преку третопријавеното правно лице, како овластено сметководствено биро на ЈП “Жабени”, за сопствени плати, исплаќале износи повисоки од износите во договорот за вработување на истите, со што се стекнале со противправна имотна корист од 421.077 денари на штета на буџетот на ЈП “Жабени”.
Вчера во 12,00 часот М.Т.(37) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 11,40 часот во кафе бар на булевар “Видое Смилевски-Бато“ во Скопје бил физички нападнат од страна на лице со кое се познавале.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Вчера околу 14,00 часот пријавено е дека на патот Охрид – Кичево, кај село Врбјани, во тунел во изградба паднал од скеле работникот В.Ј.М.(43) кинески државјанин, кој се здобил со повреди кои му биле констатирани во Медицински центар Кичево.
Се работи на расчистување на случајот.
Во Полициска станица Гевгелија, вчера Т.В.(53) од Гевгелија пријавила дека на 29.12.2018 година околу 05,00 часот се оддалечил нејзиниот сопруг Б.Т.(56).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Вчера околу 07,00 часот во Кавадарци пред угостителски објект, К.М.(26) од Кавадарци, физички го нападнал Х.П.(21) од Кавадарци, при што му нанел тешка телесна повреда, по што истиот бил пренесен во ЈЗУ Кавадарци.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Во Полициска станица Крива Паланка, вчера околу 10.00 часот од здравствен дом Крива Паланка, било пријавено дека бил донесен М.Р.(57) со телесни повреди нанесени од сачми, кој по укажана лекарска помош бил пренесен во Ургентен центар – Скопје.
По преземени мерки, било утврдено дека во село Баратлија на место викано „Чешмиче“, при лов на дивеч, Е.Ј.(33) од село Псача, со неколку сачми од ловна пушка, го погодил М.Р.,. Од страна на полициски службеници, од Е.Ј. била одземена ловна пушка „Балкал МП155“ калибар 12х76 мм, кој истиот ја поседувал со дозвола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Вчера околу 05,00 часот пријавено е дека во Струмица пред угостителски објект на булевар „Гоце Делчев“, непознати лица физички ги нападнале Т.Б.(24) и А.Ш., двајцата од село Ново Село, струмичко.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 18,45 часот било пријавено дека во Скопје на улица „Вуковарска“, настанал пожар во патничко моторно возило „Пежо“, сопственост на С.Н.(36) од Скопје, кое не било во возна состојба. Увид ќе се врши во текот на денот.
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Џ.С.(27), А.Ш.(19), двајцата од село Слатино, тетовско, Џ.П.(19) од село Одри, тетовско, А.Б.(21) и уште едно 17 годишно лице од село Слатино, тетовско поради сомнение за сторено кривично дело ’’насилство’’. На 22.10.2018 година околу 19,20 часот во Тетово на улица ,,Маршал Тито‘‘ по претходна вербална расправија, пријавените физички нападнале три лица, двајца од Тетово и еден од село Вешала.
Вчера во 15,00 часот А.Б.(26) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот на булевар “Гоце Делчев“ во Скопје бил физички нападнат од страна на две лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Штип влера во 03.00 часот Д.Д.(46) од Штип пријавил дека истиот ден околу 02,00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 13- годишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Вчера околу 20,50 часот, малолетно лице од Скопје пријавило дека пред спортската обложувалница на булевар „Партизански Одреди“ додека стоеле со другари, од страна на три лица им било извршено разбојништво при што им одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 20,34 часот М.Џ. пријавила дека на улица „Ресенска“ во Скопје од страна на две непознати лица и била извршена разбојничка кражба и била физички нападната, по што разбојниците избегале со украдените предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 17,00 часот Р.Б.(26) од Скопје, пријавил дека на 29.12.2018 година околу 23,00 часот во казино лоцирано на улица “Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од страна на лице со кои се познавале.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./