На 19.01.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улица „Влашки пат“ во Кичево, во куќата сопственост на Х.М.(63) избувнал пожар, при што со повреди се здобиле Е.М.(27) и Р.М.(68) од Битола. На Е.М. и Р.М. им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

На 19.01.2019 година околу 21.10 часот во Полициската станица Карпош, Д.П.(69) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.00 часот, додека го шетал неговото куче на кејот на реката Вардар, бил каснат од друго куче во пределот на десната рака.

На 19.01.2019 година во 23.35 часот во СВР Скопје, А.Ш.(36) од село Јурумлери, скопско, пријавил дека истиот ден во 23.15 часот во ресторан во село Јурумлери бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. По целосно документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 19.01.2019 година во 02.50 часот во Полициската станица Крушево, Н.Х.Л.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02.20 часот во Крушево бил физички нападнат од лицата М.Ф., М.З. и уште две лица, со кои претходно имале расправија во ноќен клуб во Крушево. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 19.01.2019 година во 06.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиниката „Ченто“ во Скопје било донесено починато едномесечно машко бебе од населба Илинден-Скопје. Во разговор со полициски службеници родителите на починатото бебе А.А.(26) и И.А. (26) рекле дека истиот ден околу 6 часот на креветот во дневната соба забележале дека детето не дава знаци на живот, а претходно имало проблеми со дишењето. По наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

На 19.01.2019 година околу 17.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во ресторан во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата О.С.(54) од Охрид и Л.Ќ.(27) од Струга. Изготвени се записници за констатиран прекршок против двете лица по член 11 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 20.01.2019 година во 01.30 часот во Полициската станица Радовиш, З.Ј.(27) од село Ораовица пријавил дека истиот ден околу 00.30 часот во кафе бар на улица „22-ри Октомври“ во Радовиш физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.01.2019 година во 19.15 часот било пријавено дека на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје С.Ф.(20) физички нападнал двајца малолетници. С.Ф. е приведен во полициска станица и против него е поднесен соодветен поднесок.

На 19.01.2019 година во 00.20 часот Полициската станица Неготино, С.И.(25) од Демир Капија пријавил дека во ресторан во Демир Капија лицето А.Ј. го нарушил јавниот ред и мир. Тој фрлал шишиња и други предмети во ресторанот, при што повредил три лица. По целосно документирање на случајот, против А.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.01.2019 околу 17 часот во ПС Кичево било пријавено дека во с. Пополжани  дошло до  физичка пресметка меѓу В.Г. ( 66) од Кичево и  И.Л. (39) од Кичево, С.Л. (37)од Кичево, Д.Л. (31) од Кичево и други лица. Според пријавеното, додека В.М.бил на прозорецот од неговата куќа, по селскиот пат поминувале другите лица и во еден момент се слушнал истрел, кој според пријавеното го испукал В.Г. од својот пиштол. Веднаш потоа, инволвираните физички се пресметале. По пријавувањето на случајот преземени се соодветни мерки за расчистување. В.Г. е приведен во полициска станица, а во ПС е земена изјава и од другите инволвирани во случајот. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.01.2018 околу 21.45 часот во ПС Чаир Р.К. (60) од Скопје пријавил дека на ул. „Алекса Дундиќ“ слушнал експлозија во дворот на Г.К., кој бил во странство. Р.К. влегол во дворот и забележал дека биле изгорени две дрва. Повредени лица нема. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.01.2019 година во 22.30 часот во СВР Скопје, И.С.(41) од Скопје пријавил дека истиот ден пред угостителски објект на улица „Мајка Тереза“ во Скопје бил физички нападнат од В.С.(52) од Скопје. Сочинет  бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.