Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ј.А.(20) поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела „разбојништво“ и против А.Б.(22) поради постоење на основано сомнение дека сторил едно кривично дело „разбојништво“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 97.200 денари.

Како што денеска информираше МВР, едното кривично дело од страна на А.Б. и Ј.А. е извршено на 23-ти овој месец, кога од продажен салон на булевар „Крсте Петков Мисирков” во Скопје одзеле пари. Второто дело е извршено 25-ти, исто така, овој месец кога Ј.А. од едно лице на улица „Бутелска“ во Скопје одзел пари. Лицата се лишени од слобода и по извршен разговор ги признале и појасниле делата.

На 30.01.2019 година во 15.00 часот во Полициска станица Гевгелија е лишен од слобода М.П.(21) од Гевгелија, кај кого била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.01.2019 година околу 22.45 часот во село Кутлешево, општина Долнени, настанал пожар во плевна сопственост на Г.Т.(53), при што изгорело суво сено и една машина за растурање на вештачко ѓубре. Екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп го ставила пожарот под контрола и во тек е увид на местото.

На 30.01.2019 година околу 16.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека куќа на улица „Драги Шутевски“ во Куманово, сопственост на Р.С.(65), неговите синови И.С.(29) и А.С.(18), кои не живеат во истата куќа, извршиле разбојништво над него. Сторителите физички го нападнале Р.С. и му одзеле 20.000 долари и 400.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

МВР денеска соопшти дека на 30.01.2019 жена од кумановско село пријавила дека била повикана од страна на класната раководителка и директор на основно училиште каде учи нејзината ќерка, при што и биле покажани слики на мобилен телфон со вулгарна содржина во врска со нејзината малолетна ќерка, кои биле препраќани меѓу учениците Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.01.2019 година во 13.40 часот во СВР Скопје, Б.Б. пријавил дека во када во куќата на улица „Раде Јовчевски Корчагин“ ги пронашол починати неговите баба и дедо Ј.В.(74) и Г.В.(76). Според пријавителот, тие најверојатно починале од струен удар. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Т.(32) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” и четири кривични дела ,,тешка кражба”. На 18.12.2018 година околу 20.00 часот во Кочани, во домот на М.М.(66), пријавениот со употреба на физичка сила извршил разбојништво при што одзел златен накит, мобилен телефон и пари. Во периодот од 06.12.2018 до 03.01.2019 година на подрачјето на Кочани, пријавениот извршил четири тешки кражби во куќи, при што одзел златен накит, пари и мобилни телефони.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.А.(28) од село Никуштак, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.11.2018 година во село Никуштак полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и пронашле и одзеле ловна пушка „ТОЗ-34“ калибар 12мм.

На 30.01.2019 година во 11.40 во Полициска станица Штип, И.М.(28) од Скопје пријавил дека околу 08.40 часот на улица „Железничка“ во Штип бил каснат од куче во пределот на левата потколеница.

На 30.01.2019 година во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на улица „Козле“ две непознати лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана со пиштол ги одзеле парите и побегнале. Според пријавата, на неколку стотини метри од маркетот истите испукале еден куршум во воздух. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.