Црногорската извршна власт соопшти дека информациската инфраструктура на Владата е цел на хакерски напад, а експерти од Министерството за јавна администрација работат на утврдување на штетата.
Прелиминарните податоци покажуваат дека тоа биле најсофистицираните напади што досега се случиле во Црна Гора и оти се состојат од комбинација на неколку различни методи на напад, се вели во соопштението.
Како што е наведено, засега е потврдено дека раното откривање на нападот овозможило клучните системи да останат заштитени, но се утврдува степенот на штетата, по што ќе се обезбедат попрецизни информации.