Постсоветскиот безбедносен блок (ЦСТО), што го предводи Русија, денеска ја почна најголема воена вежба во последните неколку години во близина на границата меѓу Таџикистан и Авганистан.

Таџикистан одби да го признае талибанското раководство во Авганистан, а воените сили се натрупуваат од двете страни на границата.

Вежбите на Заедничката безбедносна спогодба вклучуваат 5.000 војници, од кои повеќе од половина се од Русија, соопштија руските и таџикистанските министерства за одбрана.

Војниците, исто така, ќе вежбаат спречување илегални гранични преминувања.

Таџикистан има 1.400 километри долга граница со Авганистан.

Шестдневната вежба следи по серијата помали вежби што Русија и нејзините сојузници од Централна Азија ги одржаа во август и септември во близина на границата со Авганистан,.

Русија се плаши од можна исламистичка инфилтрација во поранешните советски републики во Централна Азија, што таа го смета за своето јужно одбранбено крило.

Москва има воена база во Таџикистан и ја уверува дека ќе и помогне во случај на прекугранични напади.