ЦУЦУЛОВСКИ: Градат „едно општество за сите“, ама општество во кое едни се експлоататори, а другите експлоатирани

/ 27.02.2019

Во денешната емисија „Отворено“ со Љупчо Цветановски, гостуваше Љубомир Цуцуловски, универзитетски професор кој говореше дека не може да постои едно општество за сите бидејќи сите граѓани се различни.

Тезата „едно општество за сите“ е бесмислена, парадоксална и не води сметка за сите. Бидејќи во ниту една држава, па дури во ниту една мала заедница, па дури во ниту едно племе сите луѓе не се еднакви. Бидејќи секој човек индивидуа сам за себе, со свои интереси, со свои потреби и како тука е возможно воопшто да се гради држава која би била заедничка за сите, кога по дефиниција секој човек е секој сам за себе, нагласи Цуцуловски.

Цуцуловски појасни дека ние можеме да градиме евентуално држава која би на најголемиот број на интереси. Но тоа се оние општи флуоскули или празни сказни како што тој вели. Кога политиката ветува се и сешто.

Како да речеме мисли политиката да изгради „едно општество еднакво за сите“ кога луѓето се нееднакви. Кога едните се експлоататори, а другите се експлоатирани. Едните имаат интерес за помалку пари да дојдат до поголем профит, а другите пак работат и сакаат за помалку пари да дојдат до поевтин производ. Тоа е не водење сметка за реалноста во која живееме, посочи Цуцуловски.

Во врска со аферите со непотизмот, тој истакна:

-Непотизмот е вработување на кои им се блиски не мора да се по крвна линија, со една додавка доколку не ги исполнуваат условите. А, кај нас имаме и едното и другото, рече Цуцуловски.

Цуцуловски посочи дека може да каже слободно дека навистина има зараза на непотизам која се повеќе и повеќе се шири, бидејќи имаме вработувања на блиски вклучувајќи и пријатели, а кои истовремено не ги исполнуваат елементарните услови кои ги бара одредено работно место или одредена општествена или друга функција.

-А, непотизмот станува разбирлив со тоа што има општа невработеност и секој гледа по својот близок да го ухлеби некаде. Но од разбирливоста на ситуацијата не следи и нејзино оправдување. Јас можам да разберам зошто постои непотизам, затоа што постои општа невработеност, и секој сака својот некаде да го смести или да го ухлеби. Но објаснување не значи и оправдување. Тоа не е морално, посочи Цуцуловски.

Цуцуловски објасни дека моралот вели дека во ситуација кога има повеќе конкуренти и кои имаат слични резултати предност има тој што не е близок на некому од таа институција. -Можеби не е праведно, но така се зачувува моралната чистота.


Од истата категорија