Љубомир Цуцуловски:
КОЈ КАКО… Многумина ме прашуваа (некои и понатаму ме прашуваат) зошто одлучив за извесно време да паузирам со мои коментари. Некои, пак, ми префрлаа, и сѐ уште ми префрлаат, сметајаќи дека се повлекувам, дека правам отстапки, дека се предавам и сл. Меѓутоа, после она она што денес се случува во Собранието има ли потреба од каков било коментар? Постои ли каква било реална потреба и натаму да го повторувам (или, верглам) она што цело време сум го повторувал, односно верглал, бидејќи секој настан, секоја одука, секоја слика од денешниот ден претставуваат коментар сам за себе. Оттука, секој коментар на она што се случува во Република Македонија би значело отворено, директно потценување на граѓаните и на нивната способност/интелигенција самостојно да заклучат што е што, а кој е кој.
Затоа, барем засега, не ми останува ништо друго освен уште еднаш да го повторам она што десетина и десетина пати сум го повторувал. Тоа нешто е следното – кој како дошол на власт, така ќе владее; како ќе владее, така ќе замине…