Љубомир ЦУЦУЛОВСКИ
КАРАЊЕ. Севезден го караат народот. Прво, затоа што непотребно го оптоварувал здраството, кое и така било скудно со капацитети, некажувајќи на што се должи скудноста на капацитетите.
Штом народот ќе кивнел, ќе се закашлал или ќе му потекол секрет од носот, веднаш трчал кај матичните лекари, плашејќи се дека има Ковид. На тој начин, непотребно ги оптоварувал матичните лекари.
Од друга страна, народот се јавувал касно кај лекарите, откако симптомите на Ковидот ќе се зголемеле и ќе преминеле во речиси неповратна насока.
Оттука, велат, била и големата смртност. Инаку, би била ниска. Кој може да се снајде во овие објаснување, нека се јави. Само каде и кај кого?
П.С. Жолта дуња, зелен бор, се чека брз одговор.