Љубомир ЦУЦУЛОВСКИ

БЛИСКУ ДО УМОТ Е…

Блиску до умот е, а животот тоа го потврдува, дека секој шпион или соработник на странска/туѓа држава, откако ќе си ја заврши наменетата мисија/задача, станува одвишен/непожелен за странската држава, бидејќи секоја држава знае, како што е секој човек знае, дека оној кој еднаш работел за интересите на некој друг, утре лесно ќе работи за некој трет.

Откако ќе бидат исцицани, ваквите сурати се отфрлаат токму оние за кои довчера слугувале. Тоа е судбината на секој слуга и на секој лесно употреблив материјал – кој и да е. Кој не го разбрал ова, тој ништо не разбрал. Затоа, прстот на чело и нека секој се замисли што прави и за кого работи, бидејќи и народот, исто како и државите, не забораваат кој што бил и со кого некогаш бил.