Јусуф Енузи-Кока доби 4 месеци затвор за инцидентот на плоштадот „Скендербег“, каде со пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето, тврди ТВ 21.
Во моментов, тој е во домашен притвор се до стапување на правосилноста на првостепената одлука.
Информацијата за ТВ21 ја потврдиле членови на семејството на Кока.
Претходно, тој беше во притвор 8 дена, додека против него беше поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик.