Денешната изјава на евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар, дека криминалната афера Рекет се „претворила во реално шоу“ ја предизвика поранешната министерка за култура Ганка Цветанова да му твитне на евроамбасадорот.
– Амбасадорот на ЕУ во Македонија вели дека изнудувачкиот скандал Рекет станал реално шоу. Навистина! Но, дали Самуел Жбогар веќе заборавил дека тие беа создавачи на едно друго реално шоу наречено СЈО и го направија кастингот на водечките улоги?!- запраша Цветанова на Твитер.