Македонските криминални структури силно воздивнаа. Едно силно -„УУУУУУФ, добро е!“, се чу од нивните грла по синоќешната изјава на Нино од Димитрови. Не е шега, шефот на дипломатијата вчера јавно, јасно и гласно изјави дека пресметката со подземјето ќе започне откако Македонија наша, а негова Северна, ќе почнела преговори со ЕУ. Дотогаш, криминалците можат да си бидат мирни и да си го работат она што го знаат најдобро. Исто ко што прават минатите 2-3 години де…
Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ
Пораката на Нино отвори многу прашања во државата. Што сакаше да каже министерот со најавата за борба со криминалците дури по датум од Брисел?
Првата опција е дека власта има премолчен договор со подземјето, да си прават што си прават, ама „само“ до датум за преговори. Во меѓувреме, рекетирајте, тепајте, шверцајте, крадете, со бело робје работете, ама кога ќе почнеме преговори, ска од договорот?! Фер, нели…
Да, сепак, имаше едно „т’канди“ затоа што Димитровичи и Муртичи многу ги зезнаа Тредичи и Кејти Џејн, владини домашни миленици кои толку многу се „разработеа“ и разрекетираа, ама пред преговорите со ЕУ, толку „Ногу“ што не можеа да ја сокријат љагата, па мораше да ги уапсат. Гарант и тоа ќе го сокриеја да не беа Геро, кој ги најави, и колегата Гајсер кој ги објави материјалите. Премногу ќе беше да премолчеа, а толку, толку многу сакаа.
Но дали министерот пребеганковски ни најави дека Боки Тредичи ќе биде повикан на распит дури откако ќе добиеме датум за преговори со ЕУ. Конечно, ќе го дочекаме ли тој ден? Ќе каже ли тогаш 13-ка некои работи кои ќе ја дотепаат и онака утепаната ни Влада од скандали, тендери и рекети? Ќе го р’чне ли и Мутричи, на страна Кики, Фрики и остала багра комуњарска? Затоа ли не го викаат чедото, непресметливо и така опасно за нив? „Врло моѓуќе“, би рекле северните ни соседи за земјата која има се само не што било северно во себе. Новокомпонованото име знаете каде можат да си го набијат, знаат и самите, нели.
Другата работа е – дали потписникот на Преспанскиот им непрокопсан договор ја закопа сопствената и онака неуставна и на сила поставена влада и призна дека сега и претходно ништо не прават, ниту правеле околу борбата со подземјето? Не дека ја откри Америка, но изјавата „ќе се пресметаме“ во превод значи „сега не се пресметуваме“, ако добро разбираме ние мозочно немиените…
Трето, дали ова е, всушност, лекомислено и потценувачко плачи-онакво ветување до ЕУ, кое во превод би било: „Да, ок, не не’ бива, во силна какица од наша Катица и пајташите партијски сме, ама жими мајка, ако ни дадете датум за да има со што да ги лажеме за да останеме на власт и следните избори, ќе почнеме да се бориме со криминалот, со нашите де. Гарант! Жими се’ македонско во мене!“
А Европјаните лековерни и приглупи, ко што очебијно ги сметаат од СДСС и пребегушите како Нино, им викаат: „Пссс, нема гајле, ајде бујрум северџани у ЕУ! Ама, дајте уште некое литро нафта и уште некоја афера за апетит и мезалк. Вакви криминогени и недоветни влади обожуваме ние, само такви ни фалат у друштво?!“
Четрврто и последно – а ако не добиете датум за преговори (а нема да добиете) нема ли да се пресметате со подземјето? Ќе ги баталите ли? Логично, нели.
Впрочем, им се заканува ли вака Нино на ЕУ и НАТО? Демек, „порака во шише“, дека ако Брисел не и даде аргументи за „успех“ на оваа Влада која не закова ни шајка три години (искова само една сурушка кованица за името) ако не им понуди фејк „факти“ за тоа колку се „проевропски“, доказ за со кој ќе ламентираат и онанираат на следните, се’ поверојатно предвремени избори, дека ако не биде така ќе ги искористат силите на подземјето? Онака исто како на минатите три пара избори и на Референдумот, се’ и само за да останат на власт, оти без неа не им се пишува добро и ќе заминат во политичка историја? Истата онаа историја која сега ни ја менуваат?
Ај, да не се лажеме, и да добиеме датум за преговори, никаква битка со подземјето нема да има. Може да има само Рекет 4, 5, 6, 7, 8 и 1001. Оти таков ниет за „пресметка“ никогаш и немало, ниту ќе го има во оваа блеферско-криминогена констелација. Јеп, така ќе мораат да се самозатворат и сопствените извори на приход да си ги секнат. А толку самоубиствени тенденции немаат, ниту пак се мазохисти. Хедонисти, опортунисти и антинационални садисти да, тоа е неспорно, но мазохисти не.
Затоа, добиле или не датум за преговори со ЕУ (а поверојатно ова второто), датум кој и онака по безобразната и насилна смена на името, Уставот и историјата, веќе и му омрзна и ништо не му ни значи на народот македонски, не очекувајте каква и да е пресметка со подземјето.
Ај, сепак, да почекаме , додека криминалците си го тераат својот грејс-период даден од владата, можеби ако не сега, туку до година ќе им се смилуваат Европјаните, па можеби тогаш и ќе го викнат Бокија на распит во ОЈО? А?
Ако не го боли мешето де, од прстените на желудничето. Можеби во меѓувреме и растроената Кејт ќе се опраи и построи?
Веста очекувам да ни ја соопшти нивниот најизвикан слеп јасновидец Муртичи, човекот кој толку многу блеска со црнила и постојано, ко навиен, ги прорекува следните чекори на обвинителството и судството ни независно.
Независно од се’, ама скроз, добро де зависно само од парите, позицијата и од партијата која треба оној комуњарскиот слоган за т.н. „Живот“ да го смени со аланфордовскиот слоган на партијата на вистината: „Ние ништо не ветуваме, а тоа и го исполнуваме!“