Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ

Единствена константа во нападите на Алија и Заев е ТВ Алфа. Непријателска телевизија сме биле и за седокосиот орел и за одродот Црпко. Можеби ова е комплимент, но проблемот е многу поголем, а последиците од вакви глупандерски, шовинистички и непромислени изјави можат да бидат далекусежни и страшни.

И сега? Што правиме ако по излетот на Алија во одбрана од „огнените момчиња“ и квалификацијата на Алфа и Телма (кои единствени го пренесоа Изет Меџити) како непријатели на Албанците, екипи на телевизиите бидат нападнати во некоја албанска средина, врешејќи си ја работата и должноста? Што тогаш, нивиот налепен антиалбанизам ли ќе биде виновен или седокосиот, вечен хохштаплер кој се уплашил дека некој му ја дрма столицата па сее ли сее омраза?

Ова не е заебанција луѓе, можат да се случат грди работи. Доволна е една дуевистичка вжештена глава желна за тендер или вработување која сака да му се упика на Алија и ете го инцидентот на терен. Ова бара осуда од институциите, ама јака и брза, не саде од сервилните, „ни риба ни девојка“ ЗНМ, ССНМ и компанија, мислам на амбасадите кои ги контролираат истите Алиевци и од Таче и Стево.

Туку, да, дволичните амбасадори можат и да одглумат, ама Таче е во Влада благодарение на Али. А Стево, тој пак е избран од истиот.
Ај, може некоја друга Влада и претседател и ќе реагират, таксират…