Направените 2699 теста се преку: ИЈЗ-820, ЦЈЗ Скопје-115, Авицена-528, Биотек-265, МАНУ -194, Жан Митрев (Филип Втори) -315, Систина со PCR метода -223, лабораторија Лаор –64, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-83, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-77, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 243.357 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 позитивни мајки, 6 деца и 4 мајки суспектни на ковид-19
Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 320 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 198
• Гази Баба – 543
• Аеродром – 760
• Карпош – 610
• Центар – 573
• Кисела Вода – 510
• Ѓорче Петров – 351
• Бутел – 201
• Шуто Оризари – 37
• Студеничани – 16
• Сарај – 32
• Арачиново – 8
• Илинден – 72
• Сопиште – 36
• Чучер Сандево – 22
• Петровец –23
• Зелениково -13
• Странец – 27
• Нераспределен- 106