Д-р Пол С. АЈЏИЈАН, интернист во Санта Барбара
На почетокот на 2020 година, почнавме да слушаме извештаи за болни и умрени луѓе низ целиот свет. Наскоро, ни беше кажано да останеме дома, да се изолираме „две недели за да го запреме ширењето на вирусот“. Бевме опоменати да направиме се што можеме за да и помогнеме на наскоро преоптоварената медицинска професија да се справи со цунамито на претстојната смрт и уништување.
Луѓето беа исплашени; останаа дома. Свадбите беа откажани, погребите беа одржани на Зум, училиштата беа затворени, на црквите им беше кажано дека не можат да одржуваат богослужба, а илјадници бизниси беа затворени. Сега поминаа четири години од ширењето на пандемијата Ковид-19 низ светот. Многу луѓе се разболеа, а некои умреа. Најлошите исходи се забележани кај постарите лица и кај луѓето со повеќе постоечки медицински состојби. Бевме опоменати од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Управата за храна и лекови на САД (ФДА), мејнстрим медиумите и нашите локални службеници за јавно здравје, да правиме како што ни беше кажано. Тие што не слушаа беа казнети, идентификувани како будали или како некои што се подготвен да ризикуваат да убијат други луѓе од себичност.
Исходот беше дека вирусот сепак се прошири, во суштина непречен од неефикасните маски од ткаенина и од „заклучувањата“. Многу болни луѓе беа вратени во домовите за стари лица, каде што многу од нив починаа. Социјалните, финансиските и личните последици од следењето на „експертските“ совети се покажаа како катастрофални. Гледајќи наназад на ова, дури и Френсис Колинс, шеф на Националниот институт за здравство (НИХ) (формалниот надреден на Ентони Фаучи, иако во практика е обратно), неодамна призна дека голем дел од овие рани напори да се запре ширењето не биле корисни и всушност биле штетни.
„Експертите“ го потиснаа истражувањето и научното истражување. Мојата прва изложеност на вистинската болест беше кога ми се јавија пациенти, пријавувајќи симптоми кои укажуваат на Ковид. На почетокот, немаше препорачана терапија од страна на експертите, носење лична заштитна опрема за еднократна употреба. Потоа, вентилаторите се користеа за луѓе со сериозно ниско ниво на кислород. Болнички брод беше однесен во Њујорк (и во суштина остана неискористен). Бројот на смртни случаи беше дел од ноќните вести, како и мачните молби за повеќе пари од гувернерот на Њујорк. Станав свесен за предложениот протокол за лекување кога ја прочитав работата на францускиот доктор Дидие Раул. Тој беше ран поборник за лекување на Ковид со хидроксихлорокин (HCQ, лек против маларија) и азитромицин (антибиотик). Потоа следеше набљудување дека ивермектин (IVM, антипаразитски лек кој се користи кај луѓе и животни) е веројатно ефикасен за лекување на Ковид-19. Лекарот од Њујорк, Зев Зеленко, успешно ги лекувал своите пациенти со HCQ (хидроксихлорокин), азитромицин, витамини Ц и Д, цинк и други додатоци без рецепт. Д-р Питер Мек Калоу рано излезе со протокол на „пренаменети лекови“ (лекови кои се користат за други болести, а се пренаменети за лекување на Ковид, н.з.), кои ветуваа. Д-р Пјер Кори и доктор Пол Марик, ја започнаа Алијансата за критична нега на Ковид-19 (FLCCC), излегувајќи со корисен протокол за превенција и третман на Ковид-19.
Отприлика во тоа време, моноклоналните антитела (Regeneron) се користеа за лекување на вирусот, со одреден охрабрувачки успех. Потоа, Доналд Трамп стана жртва на болеста. Тој бил третиран со се што се користело во тоа време, вклучително и третман со моноклонални антитела (Регенерон), дексаметазон (лек од типот на кортизон), Ремдесивир (нов антивирусен лек кој се дава интравенски) и лекови без рецепт, вклучително и витамин Д, цинк и редуктор на киселина во желудникот Фамотидин.
Тој исто така објави дека земал HCQ. Ова создаде бура од контроверзии за користење на „пренаменети лекови“ за лекување на Ковид. Непријателите на Трамп го искористија неговото земање HCQ за да го нападнат, а пандемијата на Ковид стана политички фудбал. Реклама промовирана од FDA ги исмејуваше оние што се доволно глупави да земат IVM-ивермектин, велејќи дека луѓето што го земаат не треба да се мешаат со коњи.
На почетокот на пандемијата, почнав да лекувам пациенти со некои од пренаменетите лекови. Бев преплавен од пациенти кои бараа каква било форма или третман или превентивен лек. Првично, можев да пишувам рецепти за ивермектин, но тој набрзо беше блокиран од владата. Зборував на митингот на истомисленици (Светскиот митинг за слобода, во мај 2021 година) во Стернс Варф. Владата купи огромни количини вакцини од Pfizer и Moderna. На производителите им беше гарантиран имунитет, а вакцините беа дозволени низ целата земја. Претседателот Трамп гордо ги промовираше, барајќи заслуга за производството и одобрувањето на „Warp Speed“. Се сеќавам дека и кажав на групата од стотици дека ќе одбијам задолжителна вакцина. Ова се засноваше на моето гледиште за личната автономија. Се сомневав дека вакцините може да се покажат како опасни, и на почетокот решив да гледам и да чекам.
Имав една постара пациентка во домот за стари лица што умре од белодробна емболија, 12 часа по нејзиниот прва вакцина. Друг човек дојде со масивни згрутчувања што ја блокираа неговата кавадерична вена (огромниот крвен сад што ја враќа крвта во срцето). Овие првични пациенти ме натераа да бидам многу повнимателен околу земањето или промовирањето вакцини. Бев еден од ретките лекари во мојата болница кои ја одбија вакцината. Имав медицинско и верско оправдување, кое за среќа беше прифатено. Без изземањето, моите привилегии во болницата ќе беа откажани.
„Безбедно“ и „ефективно“?
Безбедноста на вакцините обично се докажува со години, а не преку скратениот процес што се користи за да се оправда „Овластувањето за итна употреба“ за mRNA „вакцините“. „Безбедно и ефективно“ е мантра уште од нивното појавување. Меѓутоа, во тоа време, многу паметни луѓе почнаа да се прашуваат дали навистина се безбедни или ефикасни. После ова, го запознав Роберт Мелоун, доктор на науки, кој дојде да зборува на митингот за медицинска слобода во Санта Барбара. Стив Кирш, уште еден бистар скептик, зборуваше на истиот настан. Во тоа време, бев убеден дека пренаменетите лекови делуваат. Лечев стотици луѓе на овој начин кои ми беа благодарни. Не изгубивме ниту еден пациент, а многу малку упативме во болница.
Знаевме дека во болницата ќе го добијат „одобрениот“ протокол, вклучувајќи го и Ремдесивир, и одвојување од семејните посетители. Моравме да се соочиме со гневот на државата Калифорнија, која донесе закон дека она што им го кажував на пациентите е незаконски. Овој обид да се потисне научното истражување и односот лекар-пациент, за среќа, беше сопрен од судовите.
„Судењето на Галилео“
Имам отпечаток од сликата „Судењето на Галилео“ во мојата канцеларија. Тој седи пред собраните моќници на Католичката црква. Тој беше обвинет за ерес затоа што рекол дека Земјата се врти околу Сонцето. Галилео бил осуден за ерес во 1633 година и бил осуден да го помине остатокот од својот живот во домашен притвор. Се повикувам на сликата кога објаснувам дека моите ставови за Ковид се еретички. Луѓето почнаа да ги преиспитуваат советите на ЦДЦ, ФДА, мејнстрим медиумите и усогласените лекари кои ги следеа нивните совети. Оваа статија е наменета да биде вовед во опсегот на прашања покренати од пандемијата Ковид-19.
Неодговорени прашања
Од каде потекнува овој вирус? Зошто нашата влада мислеше дека создавањето разорен пандемски вирус е добра идеја? Каква е пресудата за пренаменети лекови? Која е вистината за „безбедните и ефективни“ mRNA вакцини? Кое е објаснувањето за синдромот на ненадејна смрт на возрасни и бројките за „вишокот на смртност“ ширум светот? Дали владиниот одговор на пандемијата беше „бета тест“ за следната криза? Што се случува со предлогот на Светската здравствена организација да го преземе донесувањето одлуки ширум светот кога ќе дојде следната „итна ситуација“? Патем, ова доаѓа на гласање во мај 2024 година. Која е веројатната иднина на овој вирус кој брзо мутира, бидејќи повеќето од нас го имале неколку пати и имаат природен или вакцински имунитет? На кого му верувате да ве едуцира за сите овие сложени работи? Како што се шири најновиот круг на кашлица, треска, грип и варијанти на Ковид, ви предлагам да постапите како Галилео: да истражувате сами, да слушате повеќе мислења и да не се потпирате целосно на извори поткупени со парите на Биг Фарма.
Д-р Пол С. Ајџијан се занимава со интерна медицина во Санта Барбара повеќе од 40 години.