Д-р Владимир АВРАМОВСКИ, Клиника за гастроентерологија
„Едно стручно и според мене медицински оправдано прашање до сите медицинари и професори: Дали сметате дека на сите возрасни над 60 годишна возраст треба да им се дозволи мешање на вакцините за SARS-CoV2 по следниов урнек, првата доза да биде кинеската (инактивиран вирус), а втората да биде на база на mRNA (Pfizer) или Sputnik V?“
Ова е дилемата што пред извесно време ја постави д-р Аврамовски од скопската Клиника за гастрентерологија.
Еве дел од дискусијата која потоа се разви во врска со ова, во време кога се чини ваква размена на мислења меѓу стручни лица недостасува и кога самобендисаноста на власта и министерот Филипче не доведе до 50 мртви на ден: