Д-р Андон ЧИБИШЕВ

Ја слушав денес изјавата на генералниот секретар на СДСМ кој најавува во скоро време продолжување на изборниот процес и брзо изборно соочување на партиите. При тоа образложува дека изборите и покрај сложената здравствено-епидемиолошка состојба би се одржале на тој начин што гласачите ќе носат заштитни маски и ќе држат соодветно растојание.
Мислам дека се работи за крајно непромислена, несериозна и неодговорна изјава од политички преставник на партија која се уште е на власт.
Според мене одржувањето на изборите пред октомври за кога очекувам ублажување на здравствената криза и намалување на ризикот од повторување на кризата со корона инфекцијата би било рамно на национална катастрофа и организирана повторена трансмисија на вирусот со непредвидливи последици.