Д-р Андон Чибишев од скопска Тоскикологија, денеска реагираше преку ФБ на многубројните пишувања по социјалните мрежи за измислена пандемија, за заговор, за чипирање со вакцините и слично. Настрана фактот што во Македонија, на Балканот и насекаде низ светот, умрените од Ковид 19 се реалност, настрана фактот што и врвни лекари признаваат дека има земји кои не само што не го зголемуваат, туку го намалуваат бројот на умрени, замислите за светски заговор продоложуваат. Тоа и го навело д-р Чибишив да реагира:
„Почитувани,
сите Вие кои пишувате за завери, превари, чипирања, намештаљки и слично, сакам да Ве информирам дека два месеци не сум ги видел ќерките и внуката.
А, такви како мене кои се во првата линија на борба против инфекцијата со КОВИД 19 има стотици.
Ви благодарам за разбирањето.“