Д-р Андон ЧИБИШЕВ
Комбинцијата од загадениот амбиентален воздух и актуелните вирусни инфекции (Ковид 19, сезонски грип и други) многу сериозно ќе ја влошат епидемиолошката состојба во државата а посебно во Скопје каде деновиве бележиме енормно загадување. Високите концентрации на ПМ честички, јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, азотни оксиди, сулфур диоксид, пареи од тешки метали во голема мера ќе ја искомплицираат состојбата бидејќи во високи концентрации ја оштетуваат слузокожата на дишните патишта и со тоа ја намалуваат нејзината заштитна улога и ќе предизвикуваат почести горнореспираторни и долнореспираторни надразнувања (иритации ) и инфекции. Ова особено ќе биде изразено кај децата до 14 години и кај повозрасните граѓани.
Жално е што во последните неколку години ништо не е преземено во поглед на намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, а толку многу се ветуваше.
Затоа, Ве повикувам почитувани сограѓани, браќа и сестри, да носите заштитни маски кога се движите надвор од дома затоа што со тоа барем минимално ќе го спречите штетното влијание на отровните иритантни гасови и честички.