Д-р Хаким Џабалах, Американец со алжирско потекло, работел во развој и скрининг на неколку цели во разни терапевтски области, вклучувајќи антибактериската, антивирусната, антипаразитската сфера, потоа во областа на дијабетисот, онкологијата, кардиологијата, онкологијата и инфламацијата.

Бил директор и во Пастер институтот во Ј. Кореја. Тој е директор на одделот за лекови во Memorial Sloan Kettering Cancer Centre во Њујорк и е исклучително ценет, меѓудругото и во областа на вирусите.

Со него разговаравме за тоа зошто некои луѓе два пати се заарзуваат со Ковид 19 како во слуалјот со нашите две жени од Куманово, дали вирусот слабее или не, за неговите размислувања за есента кога се очекува наводно поклопување на сезонскиот грип и корона вирусот…

Разговарал: Дарко ЈАНЕВСКИ

ДЕНЕШЕН: Дали науката има некои нови сознанија околу луѓето кои биле заразени, потоа било декларирано дека оздравеле, а ако лежеле во болница се отпуштени по два негативни текста како здрави, но по некое време, повторно се заразиле со Ковид 19. Кај нас во Македонија, пред два дена се појавија два вакви случаи! Во април, во интервју тврдевте дека вирусот има способност да се сокрие од имуниот систем, но дали имате нови сознанија околу ова?

Д-Р ЏАБАЛАХ: Како што учиме се повеќе и повеќе за вирусот, мислиме дека постојните тестови не се доволно добри за да го детектираат вирусот во другите делови на телото, со оглед на тоа што вирусот не циркулира премногу во крвта. Исто така, дефиницијата за тоа кое лице што било инфицирано е излечено или оздравело од Ковид 19, не е многу јасна. Тоа значи дека некои пациенти можат да бидат отпуштени од болница, но се уште да бидат носители на вирусот и вирусот во одреден момент може да се реактивира, давајќи позитивен наод на ПЦР тестот.

ДЕНЕШЕН: Дали има разлика во вирусот Ковид 19 кој е присутен во САД, со тој кој е присутен во Италија, односно Европа и со тој кој беше или е присутен во Кина, односно Вухан? Односно, дали вирусот во Европа, пред се западна Ервопа и во САД е посмртоносен од тој во Кина?

Д-Р ЏАБАЛАХ: Да, има многу разлики како последица на промените во генетска структура на вирусот. Истиот вирус се јавува со различна сила и со различна вирулентност. Постои разлика во нивната сила.

ДЕНЕШЕН: Дали имате нови информации за нултиот пациент? Во претходното интервју велите дека тој може да даде многу информации, вклучувајќи ги и податоците за тоа како вирусот се прилагодил на човекот и стекнал можност најпрвин да премине од животно на човек, а потоа од човек на човек?

Д-Р ЏАБАЛАХ: Не, Кина се уште молчи и одбива да ни ги сподели тие информации!

ДЕНЕШЕН: Во април рековте дека ако има втор бран, тој најверојатно ќе дојде од Кина. Дали се уште го мислите истото?

Д-Р ЏАБАЛАХ: Да, вториот бран може да дојде само од Кина, додека останатиот дел од светот се уште се бори со првиот бран. Кина веќе има пријавено зголемување на потврдените случаи, но не е многу јасна околу нивниот извор!

ДЕНЕШЕН: Дали има знаци дека постојниот вирус е помалку смртоносен во однос на претходите месеци?

Д-Р ЏАБАЛАХ: За жал, обратно е! Како температурата се зголемува во многу земји, вирусот станува поагресивен и поопасен. Постои јасно враќање на вирусот во многу земји, што остава сериозна загриженост дека тој се адаптирал мошне добро. Ситуацијата во Индија, Саудиска Арабија и Латинска Америка е многу лоша.

ДЕНЕШЕН: Какви се вашите очекувања за есента, кога ќе дојде вирусот на сезонскиот грип во северната хемисфера, а Ковид 19 се уште ќе биде присутен?

Д-Р ЏАБАЛАХ: Ако владите се сериозни во борбата со вирусот, ако работат посветено да се справат со него, мислам дека опасноста ќе заврши таму некаде во септември/октомври. Ова го велам како временска рамка, не како фиксен датум. Но, ако тие колективно паднат на испитот, овој вирус може да остане со нас долго време и сезоната на грипот ќе ја направи многу посериозна отколку било кога.
Тоа сценарио може едноставно да прекрши многу здравстевни системи во низа држави со огромен прилив на пациенти.

ДЕНЕШЕН: Дали сепак има некакви позитивни знаци во борбата со вирусот или ќе чекаме сам да исчезне, како што тоа се случи со САРС-КОВ1?

Д-Р ЏАБАЛАХ: За жал – нема никаков позитивен знак дека овој вирус ќе исчезне како САРС КОВ1 во 2002 година. Овој вирус се има адаптирано многу добро и се плашам дека може да се случи да остане со нас одредено време.

ДЕНЕШЕН: Ви благодариме на разговорот д-р Џабалах!

Д-Р ЏАБАЛАХ: Ви благодарам и јас. Чувајте се!