Лекарите во Флорида велат дека гледаат многу повеќе инфекции со коронавирус кај децата, токму кога децата почнуваат да се враќаат во училниците, пренесува АП.
Има „огромно зголемување“ на случаи на КОВИД-19 кај децата во јули и август во детската болница Џо Димаџо во Холивуд, изјави главниот медицински директор д-р Роналд Форд. Повеќето од овие деца беа третирани во Ургентниот центар и испратени дома, но „оние што се примени се поболни од она што го видовме порано, и многу од нив имаат потреба од нега во нашите одделенија за интензивна нега“, рече Форд.
Но, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис вели дека уделот на детски хоспитализации се уште е помеѓу 1,1 отсто и 1,4 отсто во државата, како што било и во досегашниот тек на пандемијата. Во средата, 177 од 15.071 пациенти со КОВИД-19-околу 1,2 отсто биле деца, според американското Министерство за здравство.
„Нема промени во процентот на педијатриски пациенти кои се позитивни на КОВИД“, рекол ДеСантис. „Очигледно дека имаме повеќе луѓе кои се позитивни на КОВИД во болниците отколку што имавме пред шест недели, така што суровиот број се зголемува за секого“.
Но, д-р Форд вели дека во јуни само околу 20 деца кои имале вирус побарале третман во итниот оддел на болницата во Јужна Флорида.
„Насороти тоа, во јули тој број се зголеми на над 200 и, дури и во овој момент во месец август, ние сме веќе над 160. Значи, ние сме на добар пат да го собориме јулскиот рекорд“, рекол Форд.
Во вторникот (10 август, нз.), во болницата беа примени девет позитивни пациенти, од кои петмина беа на интензивна нега, додал Форд.
Советот на Форд до родителите што ги испраќаат своите деца на училиште е: Добијте информации од авторитативни извори. „Има многу дезинформации таму за СОВИД-19, за тестирање, за вакцината“, рекол Форд. „Најдоброто нешто што можете да направите за да го заштитите вашето дете е да го држите подалеку од вирусот. Овој вирус е исклучително заразен. И не е потребен многу вирус за да се зарази и да предизвика симптоми и болести“.
Целиот текст во врска со ова, кој главно се занимава со пресметките меѓу републиканците и дмеократите за неносење и носење маски, што за нас и не е толку битно, можете да го прочитате на овој линк.