Николас ХАЛШЕР, епидемиолог од МекКолих фондацијата

Имаме повеќе студии што меѓусебно се потврдуваат во врска вакцините против ковид и нивната врска со ракот. Имаме две популациски студии со вкупно 8,4 милиони луѓе. Во нив се споредувани вакцинирани и невакцинирани лица. Едната студија е спроведена во Италија, а другата во Јужна Кореја. Двете заедно покажале дека mRNA вакцините го зголемиле ризикот од околу седум различни типови на рак, вклучувајќи колоректален, рак на мочниот меур и простатата, како и рак на дојка и тироидна жлезда.

Вкупните хоспитализации поради рак биле зголемени за околу 25% кај mRNA групите во споредба со невакцинираните, а и mRNA и вирусните векторски платформи изгледа дека се канцерогени. И двете биле поврзани со зголемен ризик од вкупен број на карциноми.

Потоа доаѓаме до биолошките докази, како што е студијата за транскрипциски хаос што неодамна ја објавивме, но и неколку поединечни извештаи за случаи. Еден што неодамна го објавивме покажува прв доказ за геномска интеграција на генетски материјал од mRNA вакцината кај пациент со рак на мочен меур во стадиум 4. Исто така, постои труд од професор, мислам од Јапонија, во кој е пронајден вакциналниот спајк-протеин, без нуклеокапсид, директно во метастатските клетки на рак на дојка. Овој рак метастазирал на кожата на жената и буквално го пронашле вакциналниот спајк-протеин во јадрото на тие клетки.

Затоа, за жал, изгледа дека овие карциноми навистина се појавуваат како резултат на mRNA вакцините. Исто така, ќе спомнам уште еден труд, објавен од д-р Пол Мерик во списанието Journal of Independent Medicine, каде што е дефиниран терминот „КОВИД-19 вакцински индуциран турбо-рак“. Ова постои во рецензирана научна литература. Не е мит, како што тврди таканаречениот вакцински картел.

Инаку, неодамнешна студија покажа дека комбинацијата од витамин Ц и екстракт од семки од грозје ги намалува туморите поефикасно од една од најмоќните хемотерапии, наречена доксорубицин, позната и како „Црвениот ѓавол“, бидејќи е црвена и исклучително цитотоксична и опасна за секој телесен систем.

Витаминот Ц и екстрактот од семки од грозје ги намалиле канцерогените тумори кај овие глувци за околу 77% во период од приближно 22 дена. Хемотерапијата „Црвениот ѓавол“ ги намалила туморите за 67% во истиот временски период. Значи, во директна споредба, исклучително безбедни и многу евтини соединенија, витамин Ц и екстракт од семки од грозје, биле поефикасни од овој високо цитотоксичен лек.

Поентата е дека мора повторно да се фокусираме на пренесување на ова истражување врз животни во клинички истражувања кај луѓе, бидејќи ако ова се случува кај глувци, можно е да се случува и кај луѓе. Нема причина целото тело да се изложува на уништување со „Црвениот ѓавол“ кога може да се користат додатоци во исхраната што се достапни без рецепт, кои можеби се поефикасни и не го оштетуваат целото тело. Ова е многу ветувачко, но потребни се дополнителни истражувања.