Д-р Предраг КОН, шеф на Кризниот штаб за борба против Ковид 19 во Србија
Швајцарија моментално има 1 660 регистрирани починати на 8,5 милиони жители. Прва е на списокот на безбедни држави по прашањето на Ковид 19. Верувам дека врз основа на 130-те критериуми е најбезбедна држава на светот за заштита од оваа инфекција и во тоа не се сомневам. Србија е на 54-то место (Македонија е на 103, н.з.)
Целта ни беше во Србија да има што помалку умрени. Моментално имаме 249 починати на 7,5 милиони жители (Македонија има 153 на два милиони, н.з.). Затоа треба да се погледнат сите 130 критериуми за да се види каде сме послаби.
Принципиелно, јас сум против некаков натпревар во оваа борба, но прашањето на безбедноста е значајно и ваквите листи од тој аспект можат да бидат корисни.
Пред нас е натамошносто следење на нашата епидемија и светската пандемија и правовремено, рационално и ефикасно делување.
Не сум задоволен со новите екцесни ситуации и отворањето нови жаришта. Сепак, очекуваме, во суштина, летото да не заштити, а се помалку треба да се очекува тоа да биде колективниот имунитет. Но, да ги почекаме резултатите од испитување на имунитетот на популацијата што е во тек.
Однесувањето на вирусот на јужната хемисфера укажува дека ќе живееме со вирусот и со заболувањата од него и во иднина.
Треба да се разбере дека почитувањето на мерките за што зборуваме од почетокот и натаму е мошне значајно, но речиси исто така значајно е преку летото да се вратиме што порано во нормален живот, зашто без тоа здравствениот систем не може да опстане финансиски. Тоа е тема која се однесува на народното здравје и треба да се разгледува независно од политиката (дури и кога се чини дека тоа е невозможно).
Враќањето на вирусот со голема веројатност ќе се случи на есен, а екцеси и отворање на жаришта можеби ќе има и во текот на летото. Тоа го покажува развојот на ситуацијата на јужната хемисфера.
НАЈВАЖНА ПОРАКА: Постарите и хронично болните треба и понатаму постојано да се штитат, како и младите кои со нив доаѓаат во контакт. Тоа треба постојано да се повторува.