Во струмичката болница се лекуваат 39 пациенти заболени од Ковид-19. Дваесет од нив се на болничко лекување, додека останатите примаат терапија во дневната амбуланта.
Според директорката д-р Катерина Кузмановска, секојдевно расте бројот на заболени и се поголем број граѓани бараат помош од лекарите.
-Од пациентите кои се на лекување на Инфективното одделение 14 се на кислородна поддршка, а дури 90 отсто од нив се невакцинирани. Кај нив има тешка клиничка слика и за разлика од порано за лекување се јавуваат помлади лица, што за нас е показател дека вирусот сега полесно ги напаѓа нив, рече директорката на струмичката болница, д-р Катерина Кузмановска.
Додаде дека на Инфективното одделение има уште неколку слободни кревети, а доколку има потреба повторно ќе биде отворена модуларната болница, во која има 34 легла. (МИА)