На интензивна нега во многу критична состојба е 39 годишната родилка која синоќа се обиде да си го одзеде животот фрлајќи се од првиот кат на Клиниката за гинекологија.
Директорката на ГАК, д-р Викторија Јовановска информираше дека пациентката во два наврати се пожалила на вознемиреност, но дека тоа не е прва појава кај родилките.
По овој случај се огласи доктор Ненад Лазаров кој смета дека како здравство и како општество малку или воопштво не се посветува внимание на постпородилната депресија.
-Психолошката состојба на родилките, првенствено постпородилната депресија е нешто на што исклучително малку или воопшто не му посветуваме внимание како здравство и како општество. Не смее да се занемари и сопругот и неговата поддршка и учество во целиот процес, од самата бременост па се до раѓањето и пуерпериумот, кој има круцијална улога за менталното здравје на родилката, особено во првите денови по раѓањето. Иако за среќа не е честа појава, постпарталната психоза оправдано се смета за здравствена итност, се случува 0.09 до 2.6 од 1000 раѓања а неретко резултира со обиди за суицид, доста често во позадина има претходна психичка состојба, вели доктор Лазаров.