Деновиве на социјалните мрежи се ширеше апел за помош на малиот Стефан.

„Неговиот живот не може да продолжи без адекватен респиратор, кој може да се набави со ваша помош. Потребни се 585.200 денари. Ве молиме да собереме сите и да му помогнеме на Стефан. Вашето малку, за Стефан ќе значи многу“, стоеше во апелот.

Стефан Лазаров денес објави дека семејството на Кико извршило донација во вредност од 500.000 денари за помош на Стефан.

„Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500,000 денари..
Ова е од Кико за Стефан. Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави..“, објави Лазаров.