Д-р Кирил ЛАЗОВ

Уште еднаш се докажува дека насилството и недемократските принципи се единствени начела по кои се водат штитениците на оваа ненародна, предавничка власт. Старделова ги применува сите неетички и нефер методи за да не ја изгуби позицијата претседател на Лекарска комора на Македонија.

Насилно, во стилот на севернокорејското владеење, без набљудувачи како давеник кој бара сламка за спас од петни жили се обидува да си ја задржи претседателската фотелја во Лекарската комора која и тоа како и е нестабилна и разнишана.