Власта освен во лажењето за вакцините против корона, контиунитет има и во сомнителни тендери. Или тендери за кои самите тие одлучуваат и ги интересира само личната добивка, во конкретниов случај оној за еден вид на приватизација на стерилизацијата. А станува збор за многу специфична област, за која во иднина ќе се грижи приватна фирма која ќе треба да набавува хируршки инструменти, облека за лицата кои влегуваат во операциска сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад и слично, истакна денеска д-р Кирил Лазов, по вчерашната прес конфренција на која го обнароди скандалот со стерилизацијата во јавното здравство и предавањето на оваа област во рацете на приватна фирма.

-Кон средината на јануари со допис беа известени здравствените установи дека „се исполнети сите договорни услови за приватниот партнер да започне со давање на интегрираните услуги за стерилизација“. Во прилог им беше доставен готов договор кој треба да го потпишат надлежните, корисниците на овие услуги. Станува збор за 31 здравствена установа од целата држава. Но, од почетокот на постапката во 2019 година кога ВМРО-ДПМНЕ побара одговори од Министерството за здравство ништо не се случи, освен зделки кои очигледно одговараат на сметките на Филипче и Заев. Иако Филипче велеше дека презема чекори за унапредување на јавното здравство, освен физибилити студии, тендери или сомнителна приватизација на јавното здравство, не видовме ништо. Многу е едноставно, власта и Министерството за здравство имаат обврска да дадат одговори во јавноста затоа што се работи за народни пари, истакна тој.

Тој прашува: Прво, зошто формираните цени се четири пати повисоки од оние до сега? Второ, дали е доволно приватниот партнер да доставува банкарска гаранција од само 5 отсто од вредноста на договор, како што стои во понудениот договор до здравствените установи? Трето, зошто анексите на договорот се однесуваат главно на начинот и условите на плаќање?

-Очигледно е за Заев и Филипче се се врти само околу парите! Очигледно е тие не се заинтересирани за здравјето на граѓаните, ниту во период на пандемија со корона. Вакцини нема, иако во другите држави вакцинацијата е почната од декември 2020 година, а кај нас нема ниту една вакцина. Во текот на вчерашниот ден стигнаа првите илјада дози од Спутник во Босна и Херцеговина, а во Албанија првите 1.170 дози од Фајзер. Со ова вакцини нема само Македонија и Косово. Набавката на вакцини не им оди, ама затоа се експерти за тендери и распродажба на јавното здравство! За ваквите постапки мора да има одговорност, истакна Лазов.