Д-р Роберт МАЛОУН
Еве уште една работа што сакам да ја истакнам, а која ја спомнав и на состанокот на ACIP (Советодавен комитет за имунизациски практики во рамки на Центарот за болести на САД, н.з.), а тоа е дека имаме индикации дека можеби постои кумулативна токсичност кај вакцините.
Она за што зборував е дека огромното мнозинство од овие вакцини за деца се потпираат на една супстанца за да бидат имуногени, односно за да функционираат. Која е таа супстанца? Алуминиумски соли. Дали алуминиумските соли се токсични? Да. Зависи од дозата. Како и со сè во медицината, станува збор за доза, токсичност и гранични вредности.
Вакцините што ги примаат нашите деца се тестирани без соодветни контроли, но се разгледувани само како поединечни вакцини. А речиси сите ја имаат овие алуминиумски соли. И така, поради тоа што нашите деца примаат многу различни вакцини, тие добиваат многу, многу, многу дози од овој токсичен материјал. Тоа мора повторно да се преиспита и мора да се запре.
(Д-р Роберт Малоун е водечки експерт во светот во областа на вирусологијата и создавањето вакцини, изумител на мНРА технологијата која беше користена во САД за создавањето на вакцините на Фајзер и Модерна против КОВИД 19, а сега се користи во Русија за создавање на вакцините против рак, од кои, тааа против меланом веќе почна да се користи)



