Да закажеш избори кога процентот на позитивни пациенти е повеќе од 30% од направените тестови на дневно ниво е стварно исто како да му плукнеш во лице на секој здравствен работник во државата.
И додека истите тие здравствени работници се молат за маска плус бидејќи слушнале дека во нивната институција дошла инспекција за да ги санкционира тие кои не носат, власта која им ја праќа инспекцијата сака да не втурне во предизборна кампања во која средбите помеѓу граѓаните десеткратно се зголемуваат, а пак потенцијалниот изборен ден е како да ставите темпирана бомба во белите дробови на секој граѓанин.
Замислете, не смеете да возите без врзан појас, не смеете да возите под дејство на алкохол, не смеете на пушите цигари на јавно меснто, но кога ризикот од зараза е на вакво ниво а последиците се смртоносни, се зафркаваме со животите на граѓаните и ги тераме на избори.
Ова не очекувам да сакаат да го разберат ниту поранешниот премиер, ниту техничкиот а ниту пак министерот за здравство и неговите блиски соработници. Мотивот кој тие го имаат за да го поминат датумот за избори е навистина голем, но не е заради здравјето на граѓаните.
Ако треба да има избори, а треба, најсоодветен период е по завршувањето на жешкото лето, кога се очекува најмала контагиозност на патогенот и пред почетокот на ладниот зимски бран, кога и некои од странските авторитети најавуваат повторен замав на пандемијата.
Ако одржиме избори во септември, она што ќе изгубиме е два месеци плус под ваква, благо речено, некомпететна власт, а ако одржиме избори во јуни, директен влог се милион ипол човечки животи!