Д-р Вело МАРКОВСКИ
ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Најголема општа смртност во светот
Во последните три месеци од 2020 година според податоците објавени од државниот завод за статистика во Македонија има 9.465 умрени од сите причини. Споредено со предходната 2019 година има пораст од застрашувачки 89,1%. (https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=9…)
Зошто е тоа така, на што се должи тоа, свесни ли сме колку човечки животи губиме, или така е насекаде во светот поради КОВИД-19 пандемијата.
Во 2018 година вкупно во Македонија имала 19.943 умрени. Следната 2019 година 20.402 умрени, а минатата 2020 година имала 25.049 умрени. Прекумерна смртност, односно повеќе умрени за 4.647 луѓе.
Во проценти 22,7% повеќе од очекуваното, од вообичаеното.
Анализата на умрените од КОВИД-19 за 2020 година кажува дека за цела година имаме 2.503 починати поради КОВИД-19. Од што се умрени плус 2.144 луѓе? Бројките се пострашни кога се анализираат само последните три месеци, бидејќи во првите три месеци од 2020 година имавме намалување за дури 9,4 отсто во однос на истиот период од претходната 2019 година. Во последниот триместар за 2020 година имаме 9.469 умрени наспроти 5.152 споредено со последниот триместар од 2019 година.
Во последните три месеци од 2020 година имаме 1.903 умрени од КОВИД -19 и плус прекумерно уште 2.490 умрени од други причини. Секој ден ни умирале 105 луѓе, од кои 51,6 повеќе од 2019 година. Од прекумерните умрени, 21 умирале во просек од КОВИД-19, а плус 30 од некои други причини.
По општини, во овој триместар најмногу умрени има во Скопје 2.504, Битола 520, Боговиње 103, Велес 318, Гостивар 359, Куманово 470, Прилеп 473, Тетово 272, Струга 237, Штип 247…
Ако бројката од 9.469 умрени за три месеци, односно дури 4.647 изгубени наши животи, не е причина да застанеме, да преземеме нешто тогаш нешто не е во ред со нас. На што може да се должи ова, што ни се случува…ако не друго мораме да се обидеме да сфатиме зошто е тоа така. Дали ова се должи на запоставување на сите други болести и борба само против КОВИД-19, дали еден дел од умрените се од Ковид кој не биле регистрирани и дијагностицирани или има некоја трета причина.
По број на умрени од КОВИД -19 по милион жители веќе сме на над 1.874 (3.905 вкупно) што исто така е страшно. Доколку се справуваме како Србија, Грција, Албанија, Турција… овој број немаше да биде поголем од 1.600 што повторно укажува дека и од Ковид досега имаме над 2.000 повеќе умрени. Најмалку 2.000 животи ќе спасевме со поинаква организација. Не смее да ни биде утеха дека некои држави поминуваат полошо од нас.
Ако погледнеме колкава е прекумерната смртност во другите држави од светот за време на оваа КОВИД-19 пандемија ќе видиме дека сме најлоши, за жал, со најголем процент во светот. Најголемиот број на држави во светот се под 10% прекумерна смртност. Ако се земе дека смртноста од КОВИД на светско ниво е околу 0,5%, значи дополнителни десетина прценти имаме повеќе во светот поради прекумерните мерки за справување со пандемијата и занемарување на сите други болести и состојби. Полска е со 14,4 и Чиле со 13,8 отстп се најлоши во светот (https://www.cebm.net/…/excess-mortality-across…/), Германија со 3,3%, Грција 4,9%,Унгарија 3,7% Бугарија 12%, Канада 6%, САД 12.9%.
Но има држави кои рестриктивните мерки за справување на пандемијата ги искористиле за беспрекорно функционирање на здравствениот систем па успеале да ја намалат општата смртност во однос на претходната година, Данска за минус 4,1%, Норвешка 3,6%. Јужна Кореја 2,9%, Латвија 2,2%. Шведска без големи рестриктивни мерки има само 1,5 % прекумерни случаеви во општата смртност, бројот на умрени по милион жители од КОВИД 19 е 1.330 (во Македонија 1.874)
Значи, застрашувачки 22,7 % има прекумерна смртност во Македонија за 2020 година, а ако се анализираат само последните три месеци (октомври, ноември, декември) дури 89,1% прекумерни случаи. Изгубени над 4.000 наши животи, над 2.000 повеќе поради КОВИД-19, и уште толку поради стрес, страв, малигни заболувања и запоставување на сите други болести и состојби.
Ние по бројот на умрени сме во војна, многу полоша за нас од Втората светска војна. По последиците и трагедијата како да сме во Првата светска војна.
Лидери на политички партии, интелектуалци, новинари, претседателе, поранешни претседатели… преземете нешто. Заборавете попис, локални избори, дневнополитички надмудрувања,членство во ЕУ… ЗАСТАНЕТЕ…вонредна состојба, воена состојба, влада за Национален спас, концентрациона влада, експертска влада…што и да е, ВЕДНАШ.
Ваш д-р Вело Марковски, Скопје, 4 април 2021 година