Имаме катастрофална состојба во целото здравство. Ако ги анализираме податоците од Државниот завод за статистика, во во 2020 година имаме околу 5 000 поточно 4 600 прекумерни смртни случаи, односно толку повеќе од 2019 година ( во 2020 имаме 25 049 починати лица, наспроти просекот од околу 20 000 годишно). Во последните три месеци од 2020 година имаме околу 2 000 починати од Ковид 19. Толку се евидентирани. Постои разлика од околу 2 200 повеќе умрени, покрај тие што починале од Ковид 19, изјави д-р Вело Марковски во вечерашната емисија „Што не е јасно“ со Искра Коровешовска на ТВ Алфа. .
-Треба да се анализира, дали станува збор за починати од Ковид 19 кои некако се изгубиле во евидентирањето, дали станува збор за втората варијанта која сите ја гледаме, а тоа е дека имаме проблем… во првите три месеци лани дури имаме намалување на општата смртност, но потоа имаме откажани рутински интервенции… операции… малигни заболувања, сето тоа придонесе ние во четвртиот триместар да имаме над 9 000 починати. Нас ни се случува една огромна смртност. Највисока прекумерна смртност има во Белгија – 12 отсто, исто е во САД, над 12 отсто, за разлика од тоа во Македонија има стапка од 22,7 отсто прекумерна смртност. Тоа е индикатор дека целиот здравствен систем ни е на колена. И тука нема веќе одложување. Мора да се преземат итни мери. Некои држави, веројатно поради мерките, имаат намалување на општата смрност – 3-4 отсто во 2020 година, како Данска, Норвешка… Интересна за анализа е Чешка, таа сега нели е во врвот по смртност од Ковид 19 на милион жители, но во општата смртност се некаде околу 10 отсто со прекумерна смртност. На почетокот зборуваме за тоа дека ќе ни се случат пандемии на хронично болести, нервни заболувања итн. И ете, тоа е…! – истакна Марковски.
„… Премногу силно „тепаме“ една болест, а ги запоставуваме другите. Во последните три мееци во Македонија сме имаме иста смртност и од Ковид 19 и од други болести… Дури во мали места како Боговиње, една здрава средина, секој ден во псоледните 90 дена од 2020 година имале по еден-двајца умрени. Скопје, Битола, Куманово, дел од умрените се од Ковид но имаме 50 отсто повеќе умрени од други причини… Под итно мора да се преземат мерки и да се надмине оваа состојба…
Мислам дека веќе целиот систем е проблем, не само министерот… Јас сум по малку разочаран од лидерската средба. Се сретнаа двајцата најодговорни и за мене е изненадувачки што се потроши премногу време на пописот и на некои други работи, кои се битни, меѓутоа, тоа е како да седиме во дневна соба, разговараме за веницијанер плочки, а во кујната ни гори. Што ако продолжи овој тренд вака? Ние имаме 22,7 отсто прекуменра смртност. Огнот е запален, Мора сите да помогнеме, А после да авидме кој е крив кој не итн. Ако ги наалзираме последните десетина години, ние имаме општа смртност помала од соседите. Некаде околу 10 отсто, а Србија е со 13 отсто, од Бугарија бевме подобри. Ние имавме смртност од 10,7 отсто во 2019 (9,8 е стапката на морталитет во 2019 г. н, з.) за 2020 годиан беше предвидена 10,8… имавме добар здравствен систем со помала смртност. Сега се се уништи. Дали имаме една стратегија во оваа година? Нема ништо…“, истакна Мрковски во емисијата.