Учениците пожелно е да се префрлат на онлајн настава бидејќи веќе не е целосно точно дека помладите полесно го прележуваат ковидот, сега и тие може да развијат потешка форма, па и кобни последици, вели во изјава за „Фокус“ доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом-Скопје.
-Можеби онлајн наставата е стресна, но досега требаше да се изнајде решение бидејќи веќе две години живееме со вирусот. Тоа што ги пуштивме учениците со физичко присуство дозволивме вирусот да мутира и да создава посериозни форми кои го напаѓаат имунитетот, дополнува тој.
Според него дали ќе имаме четврт продолжен или пак петти нов бран многу зависи од процесот на вакцинација.
-Кај нас тој процент е 37 отсто, а колективен имунитет се постигнува со примена вакцина кај сите возрасти, а не поделби кај полнолетно или пак население над 60 години, бидејќи на овој начин му дозволуваме на вирусот да се шири и повеќе да мутира, појаснува тој за Фокус.