По информацијата дека вчера Скопје бил најзагаден град на светот, доктор Александар Митов изрази незадоволство од пасивноста на државата.
Тој на својот Фејсбук профил напиша:
„Штом осамне ваква вест, дека градот бил најзагаден ВО СВЕТОТ, следното утро треба да ги прочитаме и овие две вести:
1. Утрово Владата заседаваше и ги донесе следниве ИТНИ мерки: …
2. Алтернативниот министер за животна средина одржа прес конференција и ги предложи следниве итни мерки: …
Така би требало да се постапи, ако сме нормална држава или барем се стремиме да бидеме некогаш таква“- вели д-р Митов.